Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Касандра (Прв Крак), Пефкохори

КУЌА НАУТИКА – ПЕФКОХОРИ

Координати: 39.989337, 23.611609

Куќа „Наутика“ е лоцирана во центарот, во еден од најубавите делови на Пефкохори од долната страна на улицата, над малото пристаниште, оддалечена околу 200 метри од морето и песочната плажа. До неа има пекара, голем маркет, таверни, ресторани. Студијата кои се наоѓаат на првиот и на вториот кат од куќата се реновирани пред летото 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата или кон внатрешноста на дворот. Во собите има пешкири како дел од опремата.

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин Ноќевање 1 и 2 лице 3 и 4 лице
25.5 – 1.6 7 99 55
1.6 – 8.6 7 139 55
8.6 – 15.6 7 159 55
15.6 – 22.6 7 199 55
22.6 – 29.6 7 239 55

 

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања

 

Термин Ноќевања Двокреветно студио Трикреветно студио Четирикреветно студио
29.6 – 6.7 7 420 525 595
6.7 – 13.7 7 455 560 630
13.7 – 20.7 7 490 595 665
20.7 – 27.7 7 525 630 700
27.7 – 3.8 7 525 630 700
3.8 – 10.8 7 525 630 700
10.8 – 17.8 7 525 630 700
17.8 – 24.8 7 525 630 700
24.8 – 31.8 7 490 595 665

 

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

 

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
31.8 – 7.9 7 239 55
7.9 – 14.9 7 219 55
14.9 – 21.9 7 169 55
21.9 – 28.9 7 119 55

 

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3, 4, 5 или 6 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Just Travel“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Just Travel“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „Just Travel“ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Just Travel“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • т.а. „Just Travel“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција.

Време на поаѓање

    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.