ВИЛА KOSTAS – НЕА ПОТИДЕА
ВИЛАТА “KOSTAS” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA ПЛАЖА (ПРВ РЕД)
НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА KOSTAS ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА.
НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.
СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.
12% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.11.2024!
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 30% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
смените со звездичка се со веќе пресметан попуст
( акциските попусти важат за смените без звездичка )
ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 16.11.2024 !
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (18.05;25.05;01.06;08.06; 31.08;07.09;14.09 и 21.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО / ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во СТУДИО / ДУПЛЕКС потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ОПИС НА СОБИТЕ
ДУПЛЕКС БР.1 (1/2+1/2) 4 ЛИЦА
Дуплексот располага со две спални соби, кујна и купатило со WC. Во едната спалната соба има два поединечни кревети,клима уред и излегува на тераса. Во другата спална соба има два поединечни кревети, клима уред и излегува на тераса. Пред кујната има плакари за алишта. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Дуплексот е опремен со стандардно купатило и вц.
СТУДИО БР.2 (1/3) 3 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната , која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици со директен поглед на море.
СТУДИО БР.3 (1/3+1) 3+1 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, има можност и за дополнителен кревет на расклопување за дете до 12 год., плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 4 столици со директен поглед на море.
СТУДИО БР.7 (1/3) 3 ЛИЦА
Студиото располага со три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици и поглед во градина.
СТУДИО БР.8 (1/3) 3 ЛИЦА
Студиото располага со три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици и поглед во градина.
А РАНО ЗАРЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
НАПОМЕНИ:
-ПАТНИЦИТЕ ТРЕБА МИНИМУМ 48 ЧАСА ДА СЕ ИНФОРМИРААТ ЗА ЧАСОТ И МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ;
–ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;
– ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
– ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;
– КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
– ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;
– ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДВАЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН (21) ПРЕД ПОАЃАЊЕ;
– ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ;
-ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА) САМО ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;
– ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ(ЗГОЛЕМУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ) СО ОБЈАВУВАЊЕ НА НОВ ЦЕНОВНИК НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ЦЕНАТА НА ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ УСЛУГИ;
– ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ;
– МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК – ОТКАЗ НА АРАНЖМАН ВО ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА;
– *ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА ИЛИ ПО ВРАЌАЊЕТО АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ПОБАРА НАПЛАТА ОД ПАТНИКОТ ЗА ШТЕТА;
-*АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;
–ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 1,5 € ОД НОЌ ЗА АПАРТМАНИТЕ И ЗА ДУПЛЕКСИТЕ ;
СТУДИЈАТА И ДУПЛЕКСОТ:
НЕМААТ ПЕШКИРИ ;
ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН