Villa Vaso се наоѓа во средишниот дел на Лептокарија во близина на плоштадот, зелениот парк и пешачката зона на градот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат мноштво продавници, ресторани и пекари, неопходни за време на летниот пресој. Лоцирана покрај улицата која од железничката станица води до неколкуте големи супер маркети, за гостите со сопствен превоз е лесно поврзана со сите делови и плажи на градот. За оние кои пристигнуваат со организиран превоз, патеката од околу седумстотини метри до најблиската градска плажа, води низ преминот кај железничката станица и улицата која излегува на неа. Во својот состав вилата располага со четири комфорни трокреветни студија на првиот кат, сите опремени со балкони, мини кујни, тоалети, мебел, ТВ и клима уред. Во убаво уредениот двор, на располагање на гостите се и покриената тераса со скара, гарнитура за седење, како и летен тоалет со туш кои се погодни во деновите на смена на групите. Паркирањето на возилата е можно на самата улица пред вилата.
*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во VASO се доплатува во објектот (5€/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање: – Скопје, во 06:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”) – Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија) – Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”) – Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”) – Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин) Поаѓање од Грција: – Истиот ден попладне. – Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. – Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. – Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. – Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.