Глобалниот тренд на уникатни сместувачки капацитети не поттикна да ви овозможиме сместување на Скијатос кој ќе ги опфати сите три димензии на летниот одмор. Почнувајќи од спор летен одмор покрај базен кој го краси медитеранскиот дворот на нашата вила, организиран безбеден секојдневен превоз до најпознатите песочни плажи кои ги посетувале светски реномирани имиња па се до посета на локалните атракции во Скијатос кои се на само неколку минути пеш од вилата.
Островот Скијатос и вила Павлос ќе ви дадат една поинаква перцепција на вашиот летен одмор. Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.
Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.
Tие кои си резервираат по промо цени, летуваат поевтино. Секоја година нудиме ниски цени за така и оваа со цени од 104 eвра за 7 ноќевања. За вас имаме 18 термини, од почеток на јуни до крај на септември за лето 2023 на островот Скијатос.
ТЕРМИН | Цена | |
1термин | 23.05.2024-30.05.2024 | 122 |
2термин | 30.05.2024-06.06.2024 | 133 |
3термин | 06.06.2024-13.06.2024 | 147 |
4термин | 13.06.2024-20.06.2024 | 161 |
5термин | 20.06.2024-27.06.2024 | 185 |
6термин | 27.06.2024-04.07.2024 | 233 |
7термин | 04.07.2024-11.07.2024 | 272 |
8термин | 11.07.2024-18.07.2024 | 308 |
9термин | 18.07.2024-25.07.2024 | 308 |
10термин | 25.07.2024-01.08.2024 | 308 |
11термин | 01.08.2024-08.08.2024 | 308 |
12термин | 08.08.2024-15.08.2024 | 308 |
13термин | 15.08.2024-22.08.2024 | 308 |
14термин | 22.08.2024-29.08.2024 | 272 |
15термин | 29.08.2024-05.09.2024 | 240 |
16термин | 05.09.2024-12.09.2024 | 187 |
17термин | 12.09.2024-19.09.2024 | 157 |
18термин | 19.09.2024-26.09.2024 | 133 |
Во цената на аранжманот е вклучено:
-7 ноќевања – 8 дена во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
–Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
–Доплата за туристичка такса, 1.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
Напомени:
Островот Скијатос нуди многу и вреди да се истражи. За вас организираме екскурзии се со цел подобро да се запознаете со островот.
Факлутативни излети:
Kuunaries Beach
Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Banana beach
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!
Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона.