Островот припаѓа на областа Мармара во провинцијата Balikesir во северозападна Турција. Тој е популарна туристичка дестинација, особено за туристите од Истанбул и Балканот. Локалното население е околу 2000 жители, според последниот попис, но во текот на летната сезона бројот на посетители се зголемува и до 40,000 - 50,000. Вкупната површина на островот 36 квадратни километри, опкуружен од сите страни со песочни плажи, и богата флора и фауна.
Самиот Остров е прогласен за еколошки, од причина што нема никакво загадување на островот. Исто така островот е познат и по добро приготвената морска храна ( локалните рибари се задолжени секогаш на трпезата и пазарот да има достапна свежа морка риба ) и преубаво домашно вино кое го произведува локалното население.