Destination

hanioti2-1024x668
Се смета за една од најубавите туристички дестинации на Халкидики. Посетителите се воодушевени од овој живописен рај, којшто гарантира релаксиран и незаборавен престој. Ханиоти нуди низа различни хотели и вили со апартмани, ресторани и таверни, како и модерни барови за забава за младите (и за сите кои се чувствуваат така). Има многу разновидни туристички објекти, така што без проблем ќе најдете некој што ќе ви одговара за потребите, без разлика дали станува збор за кафе, гиро или пијалак. Ханиоти е идеална туристичка дестинација за семеен одмор. Овде ќе сретнете многу семејства со мали деца и бебиња. Има бујна зелена вегетација, плажата е долга и убава, со ситен песок или ситни каменчиња, а морето е чисто и топло, со прекрасна сина боја. Покрај самата плажа се протега и убаво уреден парк. Ако ви е топло на плажата можете удобно да се сместите под палмите во паркот. Во центарот на Ханиоти има мало плоштадче со фонтана на кое се собираат луѓе од сите возрасти, а најмногу родители со мали деца кои безгрижно трчкаат наоколу. Во околните улици има низа различни продавници за облека, чевли, сувенири и сл. Тука се и играчките за деца, а во самото гратче на неколку локации има и убаво уредени лулашки за игра и забава на најмалите. Иако местото изгледа мало, кога ќе почнете да шетате низ него ќе видите дека сепак не е толку мало. Сместено е меѓу Полихроно и Пефкохори. По должината на брегот се распоредени хотели и апартмани, додека на излезите кон Полихроно и Пефкохори ќе забележите низа прекрасни приватни куќи со убаво уредени дворови. Освен овие две места, во непосредна близина, на околу 12 километри се наоѓа познатата плажа Ксенија, со ситен песок и сино топло море, идеална за мали деца. Токму од оваа плажа поаѓаат и бродови за крстарење по заливот, односно, пријатна прошетка до Неос Мармарас на спротивната страна на заливот и назад. На враќањето бродовите прават пауза на клоја слободно можете да скокате во прекрасното море.

Ханиоти Понуди

7 Ноќевања

SIMOTEL ERMIS 3* – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
200 EU

7 Ноќевања

7 Ноќевања

7 Ноќевања

ВИЛА TANIA – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
149 EU

7 Ноќевања

ВИЛА SOFIJA – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
240 EU

7 Ноќевања

ВИЛА PENNY – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
132 EU

7 Ноќевања

ВИЛА NATASHA – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
240 EU