Како еден од најубавите брегови на Медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во ѓерданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот пазар, Јонскиот брег со својата неисцрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука се секако незаменливите монденски летувалишта Сивота и Парга. Но оваа летна сезона, покрај нив, сосема оправдано ќе ги додадеме и блиските места Врахос и Канали. Проширувањето на понудата е пред се' поради зголемувањето на вашиот избор, а притоа воедно и дополнително да ги истакнеме природните убавини на овој по многу нешта единствен регион во средоземјето.