Destination

kassandra-1
Полуостровот Касандра се наоѓа на западната страна на Халкидики и локациски е најблиску до градот Солун. Исто така, тој е најпосетуваниот полуостров на Халкидики. Самиот влез во почетокот на Касандра е специфичен затоа што мора да го преминете мостот кај Неа Потидеа, кој ја поврзува Касандра со Халкидики и Заливот на Термаикос на запад, со Заливот Торонеос на исток. Полуостровот Касандра е всушност остров одделен од копното со вештачкиот канал Потидеа. Зелениот рај на Халкидики - Касандра се наоѓа во близина на многу археолошки локалитети, од тука исто така можете да одите на излет до Света Гора, да ја посетите пештерата Патралона, најстариот мозаик во Грција на ископини на античкиот град Стагира, градот во кој е роден познатиот филозоф Аристотел. На полуостровот Касандра, ќе најдете многу живописни пејсажи и голема понуда на апартмани и хотели по многу популарни цени, истите се лоцирани на најсеверниот крај на Халкидики, кој воедно е и најпопуларен. Благата медитеранска клима, живописните пејсажи, долгите плажи, големиот број на таверни, кафулиња и дискотеки го прават идеално место за одмор. Плажите на Касандра се познати не само кај нашите туристи, туку и насекаде во светот. Поголемиот дел од нив се означени со "Сино знаме", кое е симбол за чиста природна плажа. Главен град на полуостровот е Касандриа, едно од најстарите места на Халкидики кое датира уште од XVI век. Кога станува збор за туристичките места, тие на Касандра се нижат едно по друго, односно почнувајќи од Неа Фокеа, Афитос, Калитеа, Криопиги... потоа Полихроно, Ханиоти и Пефкохори до Неа Скиони, Посиди и Фурка. Сите овие локации се одлично поврзани со патна инфраструктура, така што во текот на вашиот престој во некое од овие места, ви препорачуваме да се впуштите во авантура и да запознаете дел од историјата на овој крај преку музеите, археолошките наоѓалишта, како и капење на најубавите плажи со кристално чисти води на Егејското море...

Касандра (Прв Крак) Понуди

7 Ноќевања

SIMOTEL ERMIS 3* – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
200 EU

7 Ноќевања

7 Ноќевања

7 Ноќевања

ВИЛА TANIA – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
149 EU

7 Ноќевања

ВИЛА SOFIJA – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
240 EU

7 Ноќевања

ВИЛА PENNY – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
132 EU

7 Ноќевања

ВИЛА NATASHA – ХАНИОТИ

Почнувајќи од
240 EU

7 Ноќевања