Destination

Malaga 1
Брегот на јужна Шпанија е познат низ целиот свет по своите сончеви денови во текот на целата година. Регионот Коста дел Сол во Андалузија чиј главен град е Малага – често се нарекува најпопуларна дестинација за одмор во Шпанија. Во превод – „Брег на сонцето“ го оправдува своето име со 320 сончеви денови во годината. Се состои од бескрајни долги песочни плажи, со безброј ресторани, таверни, кафулиња. Малага е родно место на Пабло Пикасо и актерот Антонио Бандерас, а одморот на оваа дестинација, покрај посетата на магичната Малага, нуди можност да се посетат и блиските Гранада, Марбеља, Ронда, Севиља, Кордоба… Коста дел Сол е познат по своите вина од врвен квалитет, кои се меѓу најдобрите во Европа, интензивниот ноќен живот, музеите и прекрасните ресторани со медитерански специјалитети. Најпознати одморалишта се Торемолинос, Беналмадена, Фуенхирола и Марбеља, кои ги воодушевуваат туристите со своите прекрасни пејзажи, плажи и чисто море.

Малага Понуди

7 Ноќевања

Малага – Шпанија

Почнувајќи од
799 EU