Неи Пори е приморско место, едно од најпопуларните летувалишта во Грција. Сместен е под планината Олимп, од нашата граница е оддалечен околу 160 км, а до Катерини е 60 км. Во близина на Неи Пори се наоѓа Платамона, а на јужната страна реката Пиниос. Карактеристично за ова место е широката и долга песочна плажа, кристално чисто море, паркови и игралишта за деца. Низ целото место ќе најдете голем број на кафулиња, таверни, ресторани и плоштади. Сето ова го прави Неи Пори идеално место за да го поминете вашиот семеен одмор. Неи Пори е изграден во 1976 година и граден е по урбанистички план, па затоа улиците се широки, а населението во главно се занимава со туризам. Во местото постојат и објекти како што се црква, основно училиште, културен центар, фудбалски игралишта, амбуланта и голем број на апартмани и хотели. Самото место е специфично бидејќи широки улици, големите плоштади и детски игралишта се лоцирани во близина на плажа. Плажата е многу пространа, широка околу 100 метри и долга околу 6 км. Плажата е песочна, со ситен златно-жолт песок, а ист таков е и во вода низ кој постепено се влегува и се доаѓа до длабочината, каде морето е познато по својата чистота и прозирност.