НИКИТИ e туристичко место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија.На оддалеченост од 100 км.југо-источно од градот Солун , Никити се краси со плажа во залив која гледа кон првиот крак поточно према Калитеа.Секоја година се одржува спортски маратон во пливање од Калитеа до Никити во далечина од 24 км.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа, чисто море ,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници ,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис.