Пред вас сино и чисто море и бескрајна песочна плажа, додека грбот ви го чува домот на боговите од грчката митологија. Во подножјето на Олимп, на само три часа од Скопје, се протега Олимпик Бич, летувалиште кое сигурно ви е добро познато и место каде што сигурно сте се вратиле повеќе од еднаш.
Олимписката плажа е многу долга, песочна, морето е топло и чисто, а децата тоа најмногу го сакаат заради убавиот песок и долгите плитки. Добро е организиран, има лежалки и чадори, барови, тушеви и кафулиња. Исто така, има детски парк и нуди забава за љубителите на спортови на вода и песок. Во близина на плажата има пешачка зона со разни продавници, маркети, ресторани, бутици, хотели и приватни вили. Ова место нема толку богат ноќен живот, но заради близината на Паралија, тука има и многу млади луѓе, иако плажата е идеална за семејства. Лесно е достапна, од Паралија може да се стигне со локален автобус, автомобил или прошетка по плажа