Ормос Панагијас е мало место на источниот брег на Ситонија. Името го добива по црквата посветена на Света Богородица (на грчки Панагија) која е зачувана уште од периодот на Византија.
Делот покрај плажата е идеален за сите оние кои сакаат да имаат мирен семеен одмор бидејќи токму тука има убави места за уживање, разни градини и игралишта за деца. Плажата Трани Амуда е една од главните причини поради кои треба да појдете на летување во Ормос Панагиас. Ова плажа е една од најубавите плажи на вториот крак и има сино знаме!
Самото место е многу мирно, совршено за сите оние кои бараат вистинска релаксација, без метеж и сообраќај, идеално за парови и семејства со деца кои сакаат совршени плажи.