Парга како најубав град на брегот на областа Епир, се наоѓа на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување. За многуте туристи во Парга, секако дека централното место го завзема старата тврдина која го дели градот на два дела. Погледот од неа кон малото пристаниште или кон градската плажа претставува вистинска поетска инспирација. Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува, прекрасен летен одмор. Во самата делта на реката Ахерон, или од митологијата попозната како реката "Стикс", се наоѓа местото Амудиа. Oва живописно место, според своите природно географски посебности, ќе ви овозможи во исто време да уживате на неговата голема и песочна плажа, доколку посакате да пливате, ловите риба или пловите со брод низ реката Ахерон, да ги почувствувате и нејзините благодети.