Псакудија е лоцирана на самиот почеток на Ситонија, односно на преодот помеѓу Касандра и Ситонија. Позната е по долгата километарска плажа со златно-жолт песок, и е носител на сино знаме за чистота на водата. Се состои од една главна улица која се протега низ целото село и покрај самата плажа. Долж таа улица се лоцирани 6-7 таверни, неколку одлични бич барови, паланчикара, слаткарница, фаст фуд и пристојно детско игралиште. Во Псакудија има и две пекари и месара, и 2-3 големи и убаво снабдени маркети. Се на се, место кое има се што е потребно за еден убав и мирен одмор.