Destination

Mediterannean-Village-Pieria-Hotel_mygreecemytravels-26
Под планината Олимп, која според митологијата била домот на боговите, се протега регионот - Пиерија. Богат со многу природни убавини, археолошки ископини, остатоци од многуте цивилизации кои поминале низ него, овој регион самиот за себе го потврдува епитетот дека е “земја на боговите”. Доклоку сте размислувале да комбинирате одмор покрај море, со можност за рекреирање и уживање во планинската опкруженост, регионот Пиерија е вистинскиот избор за Вас! Широките плажи кои се простираат во должина повеќе од 70 километри, се вистински пример за чиста природна убавина. Златниот песок и рамниот предел ве водат до синото море, а наоколу ве опкружуваат листопадни и борови шуми. Поради одличната локација, чистите води и живописните пејсажи, овој крај е популарен за туристите, а особено за фамилиите со деца. Олимписката ривиера има широки и пространи песочни плажи кои претставуваат одлично место за уживање и одмор. При влезот во вода, до длабочината се стигнува постепено, брегот е плиток, па плажите се безбедни и за деца и почетници во пливањето. Климата е иста како и во целата земја, летата се доста топли, а понекогаш дуваат свежи ветрови. Многу сончеви денови и малата количина на влажност, ви гарантираат пријатен одмор. Бидејќи се наоѓа во подножјето на Олимп, доаѓа до струење на воздух од морето и планините, така што ветерот скоро секогаш го има, па влажноста не се чуствува. Покрај уживање на плажа, можете да уживате и во многубројните ресторани и таверни кои во поголемиот број на градови се наоѓаат на самото шеталиште, покрај плажите. Прекрасна атмосфера, проследена со познатите звуци на грчкото бузуки и вкусните локални специјалитети, се дел од секој ресторан. Главниот град на областа е Катерини, кој лежи помеѓу рамнината на Пиерија и подножјето кое се издига кон планината Олимп. Најпознати туристички места се веќе добро познатите: Паралија, Олимпик Бич, Лептокарија и Неи Пори. Не е ни случајно што грчките богови токму овој регион го избрале за свој дом.

Пиериа Понуди

7 Ноќевања

7 Ноќевања

7 Ноќевања

Почнувајќи од
169 EU

7 Ноќевања

7 Ноќевања

7 Ноќевања

Вила Станковиќ

Почнувајќи од
89 EU