Се наоѓа на првиот крак од Халкидики-Касандра, на 98 километри југоисточно од Солун. Градот е опкружен со бујна медитеранска вегетација сместен на една од најубавите песочни плажи на Халкидики и претставува пријатно место за одмор со деца. Улицата покрај брегот е преполна со ресторани, таверни, кафе барови, голем број продавници, супермаркети, пекари и рентакар агенции.