Destination

1-3
Саранда е град на самиот југ на Албанија, недалеку од границата со Грција и е една од најпопуларните дестинации во Албанија. Бидејќи аеродромот на Крф е исклучително блиску, Саранда е популарна и меѓу меѓународните туристи кои доаѓаат во Албанија. Самиот град Саранда има околу 35.000 жители, се наоѓа на прекрасна локација, опкружена со море и планини и е одлична дестинација за сите категории туристи – семејства, млади, но и за повозрасни туристи. Во Саранда има место за секого! Саранда има изразена медитеранска клима, многу топла морска вода и повеќе од 300 сончеви денови годишно. Ако се прашувате кога е можно да се плива во Саранда, тоа е периодот од мај па се до октомври. Понудата за сместување во Саранда е многу богата – од помали апартмани или хотелски капацитети, до поголеми хотели со базени или сопствена плажа.

Саранда Понуди

7 Ноќевања

7 Ноќевања