Се наоѓа на 220 км оддалеченост од граничниот премин Евзони. Сарти е една од најпосакуваните дестинации на вториот крак Ситонија. Сместено во срцето на Халкидики, на јужниот дел на полуостровот свртено кон третиот крак Атос, Сарти е градот кое е во целост подреден на туристите. Изобилство продавници, слаткарници, пекари, кафетерии, ресторани, дискотеки ... Долга песочна плажа со уредено шеталиште исполнето со медитеранско зеленило и многу барови и таверни со морска храна. Прекрасни зајдисонца со неверојатни бои кои оставаат впечаток дека сте навистина во близина на боговите. Во близина на Сарти се наоѓаат и неколку познати плажи кои се вбројуваат меѓу најубавите на Ситонија. На околу 6 км се наоѓа плажата Orange. Има многу ситен песок, и плитка вода и преубава боја на морето. На само половина километар подалеку се наоѓа дивата плажа Mega Portokali која има необично тиркизна боја на водата, а после неа е плажата Paradise.