Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Лептокарија, Пиериа

ВИЛА KATERINA – ЛЕПТОКАРИЈА

Вила Катерина се наоѓа во Лептокарија, сместена на околу 100 метри од морето и недалеку од центарот. Вилата има безжичен интернет и простор за складирање на багаж за време на смената.Вилата се состои од три спрата, со трокреветни, четврокреветни студиа и апартмани. Во секоја соба има опремена кујна, тоалет со туш, телевизор, клима уред (со доплата на лице место) и тераса.

Соби

Студио бр. 6 – приземје 1/3 (1 брачен + 1 единечен кревет)
Студио бр 6А – 2 спрат 1/3 (1 брачен + 1 единечен кревет)

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in:      14:00h.
Check out:   10:00h.

Важна Напомена:  За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

15% попуст за резервација со 50% уплата до 31.12.2023
10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
Уплата 50 % при резервација и остатокот најдоцна 21 ден пред поаѓање
Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања
термини ноќи студио 1/2 студио 1/3 студио 1/4 Апп 1/5
25.05-01.06 7 99 119 139 169
01.06-08.06 7 149 169 189 209
08.06-15.06 7 169 189 209 259
15.06-22.06 7 229 249 269 369
22.06-29.06 7 269 289 309 419
29.06-06.07 7 309 329 349 459
06.07-13.07 7 349 369 389 489
13.07-20.07 7 369 389 419 519
20.07-27.07 7 409 419 439 559
27.07-03.08 7 419 439 459 599
03.08-10.08 7 419 439 459 599
10.08-17.08 7 419 439 459 579
17.08-24.08 7 399 409 439 569
24.08-31.08 7 369 379 399 529
31.08-07.09 7 319 339 359 479
07.09-14.09 7 279 299 329 409
14.09-21.09 7 209 229 249 359
21.09-28.09 7 139 149 169 239

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во ценате Е вклучено:

  • 7 ноќевања во студио
  • Безжичен интернет

Во ценате НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за клима уред  5€ на ден ( се плаќа во вилата )
  • Туристичка такса 1,5 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)

Едно дете до 6 години може да користи заеднички кревет, бесплатно.
Цените обележани со портокалово се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата

Останати услови и попусти:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место

Отказ на резервации:  

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. Just Travel

Време на поаѓање

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање:

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа – САБОТА време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04:00 45 €
Велес – БП мотел Македонија 04:30 45 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 €
Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 €
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена Деца до 1,99 години бесплатно
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа – САБОТА време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 €
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02:15 50 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02:30 50 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03:15 50 €
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена Деца до 1,99 години бесплатно

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
14;00 13;00 Лептокарија
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.