Вила HRISTOS се наоѓа во центарот на Сивири, на најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага со двокреветни соби и четворокреветни апартмани, ориентирани кон југозапад, и од терасите ќе уживате во прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, опремена со основен прибор за јадење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI.
НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања.
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).
* Туристичка такса се плаќа на лице место.
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.
* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.
ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата.