Destination

icons
Ноќевања
3 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Авионски
Празнични патувања

Амалфи 22-25.05.2026

Авионски програм со поаѓање од Скопје

Сигурна реализација!!!

Термин: 22-25.05.2026

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за резервации до 30.03

519 еур (32.178 мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА 559 еур (34.658 мкд)

Брегот на Амалфи е еден од најубавите и најживописни делови на Италија, сместен на југот од земјата, покрај Тиренското Море. Познат по драматичните Kарпи, шарените куќи поставени на ридовите и кристално чистото море, овој регион нуди совршена комбинација од природна убавина, медитеранска атмосфера и автентична италијанска кујна. Градовите како Позитано, Амалфи и Равело го прават брегот идеална дестинација за романтичен одмор и луксузно патување.

 

Цената вклучува:

  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Неапол -Скопје со авио компанијата WizzAir
  • Рачен багаж од 10 кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром хотел-аеродром во Неапол
  • 3 ноќевања во хотел со 3* во Неапол на база ноќевање со појадок
  • Пратител на групата за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

 

Цената не вклучува:

  • Дополнителен багаж од (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса- се плаќа во агенција и чини околу 20 еур по лице
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги

Напомена:

  •  За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 лица.
  • Цените се дадени на база на моменталните располжливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цените се дадени како пакет цена, по лице за сместување во двокреветна соба за мин. 2 возрасни лица (полноплатежни суми), и истите се изразени во евра, за уплата во денарска противредност по курс од 1 еур=62 мкд.
  • Цените на влезниците за локалитетите се од информативен карактер и истите можат да се променат. Правото на промена на цената ја има исклучиво самиот локалитет кој ги продава влезниците.
  • Саатниците на авионските летови се од информативен карактер и истите мозат да бидат променети во секое време пред почетокот на патувањето од страна на авио компанијата. Влијание може да имаат технички недостатоци, временски услови, непредвидени ситуатии…
  • Факултативните излети се со задолжителна резервација најдоцна до две недели пред почетокот на патувањето.
  • Екскурзиите се креирани за минумум 15 лица, доколку минималниот број на лица не биде исполнет, агенцијата го задржува правото да ја промени цената на истите или да ги откаже и да понуди алтернатива.

Oпшти услови:

  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот како и според условите на кои агенцијата не може да влијае.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 16 лица.
  • Доколку групата не го исполни наведениот минимум на патници, агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот и/или да ги промени условите на патувањето и за истото ќе го информира патникот најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • Саатниците на авионските летови се од информативен карактер и се дадени на база на моменталната поставеност од авио компанијата. Истите подлежат на промени и правото на промена го има исклучиво авио компанијата. Доколку дојде до било каква измена на саатниците, датумите во летовите, агенцијата организатор ќе го информира патникот за настанатата промена, во било кој период од уплатата па се до денот на патувањето.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ Т.А Just Travel
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на Just travel објавени на веб страната www.justtravel.mk .
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.

Време на поаѓање

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Полетување за Неапол во 16:30 часот.  Пристигнување во 18:10 часот. Трансфер до хотелот, сместување. Вечерна прошетка низ Наполи. Ноќевање.
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и уживање на некоја од плажите или можност за организација на индивидуален факултативен излет Брегот на Амалфи. Доживејте незаборавна авантура низ најубавите бисери на јужна Италија. Се сретнуваме со водичот во Неапол и го започнуваме патувањето кон најпознатите градови на брегот на Амалфи. На патот кон нашата прва дестинација Соренто, уживаме во погледот кон островот Капри. По пристигнувањето во Соренто, ќе имаме слободно време за прошетка низ шармантните тесни улички, уживање во уникатните панорами и можност да пробате производи од прочуениот сорентински лимон- лимончело и сорбе. Втората станица е Позитано, познат по шарените куќи распослани по карпите, тесните улички и романтичната атмосфера. Слободно време за прошетка и уживање во медитеранскиот амбиент. Од Позитано продолжуваме кон Амалфи историскиот поморски град. По пристигнувањето во приморскиот град, ја посетуваме катедралата „Св. Андреа“, и уживаме во уличната храна додека слушаме за богатата историја. По напуштањето на Амалфи, подгответе се да зачекорите во градот на музиката. Равело ќе ве воодушеви со својата култура и мелодичен дух. Ќе го истражиме градот низ неговите живописни улички и ќе откриеме што го прави толку уникатен. Равело е сместен високо над брегот, познат по спектакуларните панорами и вилите со раскошни градини. По времето поминато во Равело, се враќаме во Неапол. Патот води преку Монти Латари, од каде ќе уживаме во панорамски поглед кон брегот. Во попладневните часови уживаме во вибрантните вечери на Неапол, динамичен град со богата историја, автентична архитектура и препознатлива гастрономија. Прошетка низ централното градско подрачје и запознавање со духот на градот. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок во хотелот.  Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет посета на Неапол и Капри. Неапол е еден од најживописните и најавтентични градови во Италија, сместен покрај Неаполскиот Залив со поглед кон Везув. Прошетката ја започнуваме од историскиот центар (Spaccanapoli), дел од светското наследство на УНЕСКО, каде се наоѓаат бројни цркви, плоштади и традиционални пицерии. Се посетуваат Катедралата „Сан Џенаро“, Кралската палата и плоштадот Плебишито, како и тврдината Кастел дел’Ово покрај морето. Неапол нуди уникатна комбинација од историја, култура, гастрономија и динамичен јужњачки дух. По кратката пауза се упатуваме кон Капри. Поаѓање од Неапол со брод кон островот Капри, познат по својата природна убавина и елегантна атмосфера. При пристигнувањето, разглед на знаменитостите на островот: Пиаца Умберто I, шармантните улички со бутици и локални кафулиња, како и можност за возење со жичарница до Анакапри за панорамски поглед кон морето. Слободно време за прошетка, шопинг или дегустација на локални специјалитети, како лимончело и свежи морски плодови. Во попладневните часови, враќање со брод во Неапол, со панорамски поглед на брегот и спомени од незаборавен островски ден. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет посета на Помпеа. Поаѓање од Неапол наутро кон Помпеја, античкиот римски град замрзнат во времето по ерупцијата на вулканот Везув во 79 година. Пристигнување и разглед на археолошкиот локалитет, вклучувајќи улиците, куќите, термите, театарите и фреските кои ја раскажуваат богатата историја на градот. Посета на Форумот, главниот плоштад, и Вилата на мистериите, позната по зачудувачките фрески. Ќе се запознаеме со секојдневниот живот на древните жители и културните обичаи на времето. По разгледот, слободно време за фотографии и краток одмор.  Во пладневните часови, враќање во Неапол и трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 18:45 часот пристигнување во Скопје во 20:15 часот. Крај на патувањето.