BARCELONA, GIRONA & COSTA BRAVA
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 639 EUR
(За уплата до 27.08.2025)
РЕДОВНА ЦЕНА: 759 eur
27.09-04.10.2025
Каталонија ве чека – Барселона, Џирона и Коста Брава во едно патување!
Барселона, Џирона и Коста Брава – совршен спој на култура, историја и море!
Доживејте ја волшебната Барселона со делата на Гауди, живописните улици и медитеранскиот дух, а потоа уживајте во прекрасните плажи и скриени заливи на Коста Брава. Џирона- шарениот град на мостовите. Вашата совршена каталонска авантура започнува тука!
Барселона, Џирона и Коста Брава – дестинација која нуди совршена комбинација на култура, авантура и релаксација!
Цената вклучува:
- Индивидуални авионски билет со авио компанијата WizzAir на релација Скопје- Барселона-Скопје.
- Рачен багаж од 10кг со димензии 40x30x20
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија
- 7 ноќевања во избраниот хотел на база ноќевање со појадок вечера
- Водич од Скопје за време на целото патување
- Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
- Дополнителен багаж од 10кг (за цена ве молиме контактирајте ја агенцијата)
- Дополнителен багаж од 20 кг (за цена ве молиме контактирајте ја агенцијата)
- Факултативни излети
- Индивидуални трошови
- Патничко осигурување
- Останати по програма не наведени услуги
- Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
- При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
- Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
- Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
- За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
- Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
- Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
- Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
- Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
- Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
- Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
- Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата
- Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
- За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
- Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
- Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
- Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
- Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)
- Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
- Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
- Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
- Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции.
- Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
- Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
- Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
- Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
- Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.
Време на поаѓање
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во попладневните часови.
- Состанок на групата на аеродромот во Скопје во попладневните часови. Лет за Барселона во 18:50 часот. Пристигнување на аеродром во Барселона во 21:40 часот и трансфер до хотел.
- Сместување во хотелот. Ноќевање.
- Појадок во хотелот. Ужување на плажите во Калела- слободно време за пливање и прошетки низ малите заливи.
Вечера во хотелот. Ноќевање.
- Појадок во хотел. Можност за факултативна посета на Барселона си локален транпорт и водич. Разглед на најпознатите дела на Гауди: Саграда Фамилија (импресивната катедрала и едно од најпознатите дела на Гауди), Парк Гуел (шарениот парк со уникатни скулптури и восхитувачка панорама) и Каса Батло и Каса Мила (модернистичко архитектонско чудо). Ла Рамбла- најпопуларната уметничка улица, Готскиот кварт- враќање во средновековните улички и плоштади, “Mercato de la Boqueria” – пазарот од илјадници бои и вкусови...
- Враќање во хотелот со локален транспорт, вечера во хотелот. Ноќевање.
- Појадок во хотелот. Ужување на плажите во низ Коста Брава- слободно време за пливање и прошетки низ малите заливи.
- Вечера во хотелот. Ноќевање.
- Појадок во хотелот. Можност за факултативна посета со локален транспорт до Жирона. Тура која гарантира насмевки и одлична атмосфера. Кои се трите причини што ја ставија Жирона на меѓународната мапа? Кој е најпопуларниот спорт во градот? Што јадат и пијат жителите на Жирона? Придружете ни се на оваа тура и нурнете се во начинот на живот од минатото и сегашноста. Ќе започнеме на Меркадал, срцето на локалниот живот денес, пред да преминеме во Бари Вел, восхитувајќи се на мостовите Ајфел и Педра, и шетајќи низ скриените улички и плоштади до Еврејската четврт. Ќе пристигнеме до Катедралата Санта Марија, еден од најважните симболи на градот, и Базиликата Сант Фелиу. Ќе преминеме преку некои од најиконските мостови, од каде ќе уживаме во привилегирани погледи кон шарените куќи и реката Оњар. Сето ова и многу повеќе на ова фантастично патување низ минатото, сегашноста и иднината на овој.
- Враќање во хотелот, вечера. Ноќевање.
- Појадок во хотелот. Ужување на плажа- слободно време за пливање и прошетки низ малите заливи.
- Вечерно опционално, факултативно: Фламенко шоу со вечера – автентично шпанско искуство.
- Вечера во хотелот. Ноќевање.
- Појадок во хотелот. Ужување на плажа- слободно време за пливање и прошетки низ малите заливи.
- Вечера во хотелот. Ноќевање
- Појадок во хотелот и одјавување.
- Слободно време за прошетка и уживање во ден на плажа се до времето за трансфер во попладневните часови.
- Трансфер до аеродром во Барселона и лет за Скопје во 22:15 часот. Пристигнување во Скопје во 01:00 часот на 05.10.2025.
Крај на патувањето.