Destination

icons
Ноќевања
3 дена
icons
Вид на превоз
Автобуски
Божиќни маркети

Божиќно Село Трикала со посета на Метеори

ЦЕНА: 119 € – по лице – за уплата до 10.11.2024

РЕДОВНА ЦЕНА: 139 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* – Паралија
  • Посета на Солун, Метеори и Божиќното село Трикала.
  • Автобуски превоз до наведената релација
  • Лиценциран придружник во текот на целото патување.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса – 0,5 € – по лице од ден
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНА:

  • Деца од 0-2 гог. – Бесплатно, деца од 2-5.99 год. – плаќаат само седиште во автобус 2000 мкд.
  • Деца од 6 – 11.99 год. имаат 20 % ПОПУСТ на цената од возрасните.
  • За еднокреветна соба се доплаќа 70% од цената на аранжманот.
  • Туристичката такса се плаќа на рецепција во хотелот.
  • Резервација се прави со уплата на аконтација од 30%, целосна доплата 5 дена пред поаѓање.
  • Телефонски резервации не се валидни.
  • Седишта во автобус се нумерираат според уплата, доколку имате барање за седиште понапред се доплаќа 10€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници.
  • Поаѓање од Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија
  • Трансфер од Кочани и Штип – 10€ – доплата.

Време на поаѓање

Поаѓање од Скопје во 05.00 час.

Поаѓање од Скопје во 05.00 час. Пристигнување во Солун, прошетка во центарот на Солун, а потоа се упатуваме кон шопинг центарот COSMOS MEDITERIAN, IKEA. Во попладнедневните часови поаѓање за Паралија. Пристигнување во Паралија во вечерните часови. Ноќевање.
Појадок. После појадокот поаѓање за Метеори и Трикала. Пристигнување во Каламбака и посета на најголемата фабтика за икони и ретка можност да се види изработката на икони. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори, кои настанале пред околу 60 милиони години. Детална посета на манастирот Св. Преображение. Потоа се упатуваме кон Трикала и посета на Божиќното Село – да ја почувстуваме божиќната магија, ќе ја посетиме куќата на Дедо Мраз, фабриката за чоколади и колачиња, ќе го вкусиме прекрaсното греено вино…
Појадок. После појадокот слободно време за релаксација низ Паралија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.