Истанбул Авионски 8ми Март
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2025
369 ЕВРА (22,880 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
419 ЕВРА (25,980 мкд)
ИСТАНБУЛ – градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на речиси 20 милиони луѓе
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Pegasus Airlinesсо вклучен кабински багаж – 8 кг. и чекиран багаж од 20 кг.
| 05/03/2026 |
PC352 |
Skopje – Istanbul |
09:50 13:15 |
|
|
| 08/03/2026 |
PC353 |
Istanbul – Skopje |
16:15 15:45 |
|
|
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел Бристол 3+* на база 3 ноќевања со појадок
- Туристичка такса во хотел
- Панорамски автобуски разглед на Истанбул со локален водич (попатно кон хотел)
- Посета на Ускудар, Таксим, Истиклал, Ортакој, Каракој, Галата кула Долмабахче палата (без влезница), Топкапи палата (без влезница) Аја Софија (без влезница), Базилика Цистерна (без влезница), Султанахмет, Капали Чаршија
- Локален водич на англиски јазик
- Организиција на аранжманот и придружник од агенција за време на целото патување
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезница Долмабахче Палата – 50 евра
- Влезница Аја Софија – 35 евра
- Влезница Базилика цистерна – 40 евра
- Влезница за Топкапи палата со слушалки – 60 евра
- Ноќно крстарење по Босфор со трансфер, водич, вечера со вклучени алкохолни пијалоци – 60 евра
- Доплата за еднокреветна соба – 90 евра
- Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 20 лица
- За реализација на сите факултативи со наведените цени потребни се минимум 20 лица – цените на факултативите се подложни на промени согласно бројот на пријавени патници.
- Постои можност за организација на дополнителни индивидуални факулативи – инфо за цени во агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и саатници
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
Време на поаѓање
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Појадок во хотел. Факултативна посета на Долмабахче Палата, Ортакој, Таксим и улицата Истиклал.
Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка, за фотографирање со неверојатната панорама на Босфор, и, секако, за дегустација на познатиот компир (kumpir – печен компир со додатоци).
Турата продолжува кон плоштадот Таксим, срцето на современиот Истанбул. Плоштадот е место каде што се преплетуваат минатото и сегашноста, а неговата динамична атмосфера и важноста во историјата на градот го прават задолжителна дестинација за секој посетител. Од Таксим, продолжуваме со пешачка тура низ прочуената улица Истиклал, една од најпознатите и најоживени улици во Истанбул. Истиклал е полна со продавници, кафулиња, галерии, книжарници и уметнички студија, а нејзината колоритна атмосфера, музика и постојан живот ја прават вистински магично место за прошетка и уживање. Оваа тура е совршена комбинација на историја, култура, гастрономија и урбан живот, нудејќи ви искуство кое ќе го паметите долго време. Враќање во хотел. Факултативно – можност за крстарење по Босфор. Ноќевање.
Појадок во хотел. Факултативна посета на Галата Кула, Цветниот пасаж, Истиклал, Таксим, Султанахмет, Света Софија, Базилика цистерна, Сина Џамија, Долмабахче Палата.
Галата Кула, некогашен затвор кој денес е еден од најпопуларните туристички атракции и видиковци со импресивен поглед од 360 степени кон Истанбул и Босфор. Галата се наоѓа во модерната област Бејоглу, во која исто така се наоѓа и Каракој (една од најстарите и најпознати историски населби на градот, како и важен трговски и транспортен центар во Истанбул); прекрасната Црква Свети Антониј Падуа од 1725 година како и булеварот Истиклал по чија должина од 3 километри поминуваат црвените трамваи повеќе од 90 години. Булеварот никогаш не спие, а дури и во неработните денови го посетуваат по 3.000.000 луѓе. Се наоѓа во близина на најголемиот и најпознат плоштад во Истанбул, Таксим, во чиј центар се издига споменикот Џурумхуриет Анити посветен на формирањето на Турската Република во 1923 година.
Во Бејоглу ќе го посетиме и цветниот пасаж - Чичек Пасаџи - познат по својата жива атмосфера, во која се сместени бројни ресторани и кафулиња кои нудат разновидна турска и интернационална кујна.
Се упатуваме кон историскиот кварт Султанахмет во областа Фатих, каде се наоѓаат сите поголеми знаменитости на Истанбул, меѓу кои и прекрасната Света Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век со импресивна купола која ќе ви го одземе здивот. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации во текот на своето петнаесетвековно постоење - од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.
Веднаш спроти Света Софија ќе го посетиме паркот Султанахмет во чиј центар се наоѓа прекрасна кружна фонтана, а пак околу кој се лоцирани Амамот на Хурем Султан (кој е сè уште во функција), и Сината Џамија која со своите шест минариња е позната како најголемата и најубавата џамија во цел Истанбул (напоменуваме за почитување на правилата на верниците: соблекување на чевлите и покривање на главата и рамената доколку сте жена) . Од тука се упатуваме кон Базилика цистерна - најголемата античка подземна цистерна во Истанбул, која се користела за складирање вода во минатото и сега е популарна туристичка атракција.
Дворецот Долмабахче кој денеска служи како музеј се наоѓа на европскиот дел на градот во реонот на Бешикташ. Овој објект бил изграден во времето на османлискиот султан Абдул Меџит I. Палатата е позната како „Турскиот Версај" заради својата елеганција и раскош. Комплексот го сочинуваат Џамијата Долмабахче, Саат кулата, Харемот, Кристалниот павиљон, Музејот на часовници, градините и грандиозните декорирани порти: Султанската, Трезорската и Босфорската порта, која како што и самото нејзино име сугерира, гледа директно кон синилото на Босфорот.
Појадок во хотел. Факултативна посета Базилика цистерна, Аја Софија, Султанахмет, Топкапи и Капали Чаршија.
Ќе ја започнеме турата со посета на мистичната Базилика цистерна, едно од најинтересните подземни византиски пронајдоци во Истанбул. Оваа огромна цистерна со високи столбови, пригушена светлина и мистична атмосфера ја задржува магијата на минатото и ќе ве потопи во временскиот слој на византиската империја.
Потоа ќе се упатиме кон величествената Аја Софија, некогаш христијанска црква, потоа џамија, а денес музеј и симбол на синтеза на култури и религии. Ќе се восхитувате на грандиозниот ентериер со импресивни мозаици, куполи и историски детали кои го прават ова место едно од најзначајните архитектонски чуда на светот.
Следната станица е Сината џамија (Султанахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура. Нејзините импресивни минариња, небесносината внатрешност и софистицираниот дизајн на плочки создаваат чувство на мир и величественост.
Продолжуваме кон Топкапи палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на османлиската империја. Ќе ги откриете раскошните сали, богатите збирки на накит и реликвии, како и прекрасните градини со поглед кон Босфор.
Турата ќе ја завршиме со автентично искуство во легендарната Капали Чаршија, најголемиот покриен базар во светот. Слободно време за да се прошетате помеѓу шарените дуќани, мирисот на зачини, вкусот на локалните деликатеси и рачно изработени сувенири. Враќање во хотел.
Во вечерните часови гратис пешачка тура – Галата порт. Ноќевање.
После појадок во хотелот, одјавување и слободно време за прошетка и шопинг на прочуената улица Истиклал.
Трансфер до аеродром во 12:15 часот. Полетување за Скопје во 16:15 часот, слетување во Скопје во 15:45 часот локално време.