Destination

icons
Ноќевања
4 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Авионски
Празнични патувања

Кападокија – Авионска

Термин: 30.04-04.05.2026

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА

РАНА УПЛАТА ДО 05.03.2026:

539 ЕУР ПО ЛИЦЕ
(33.418 МКД)

Кападокија, позната по своите волшебни долини, самовилските оџаци, пештерски куќи и незаборавни зајдисонца. Летајте со балон на изгрејсонце и погледнете како небото се исполнува со бои, истражете древни подземни градови, уживајте во автентична турска кујна и доживејте традиционална турска ноќ со музика и танци. За љубителите на авантурата, тука се ATV тури, јавање коњи низ долините и спектакуларни панорамски видиковци. Кападокија не е само дестинација — таа е доживување кое се памети засекогаш. Дојдете и создадете спомени што ќе ги раскажувате цел живот.

 

Цената вклучува:

•             Авионски билет на релација Скопје – Истанбул – Невшехир – Истанбул – Скопје
•              Багаж од 8 кг. по лице.
•              Трансфер аеродром од/до хотел во Ѓореме
•              4 ноќевања во хотел со 3/4* на база ноќевање со појадок
•              Пратител на групата кој ќе ве придружува од Скопје
•              Организација и реализација на патувањето

Цената не вклучува:

• Факултативни излети
• Индивидуални трошоци
• Патничко осигурување
• Останати по програма не наведени услуги

 

Факултативни излети:

ЛЕТ СО БАЛОН – 160-260 евра зависно од времето на резервација.
МУЗЕИ НА ОТВОРЕНО ЃОРЕМЕ И ЗЕЛВЕ / ДОЛИНА ПАСАБАГ / ТВРДИНА УЧХИСАР – 80 евра
МАНАСТИР СЕЛИМЕ / КАЈМАКЛИ или ДЕРИНКУЈУ / ДОЛИНА ИХЛАРА – 80 евра
УРГУП И АВАНОС – ДЕН НА ТРАДИЦИЈАТА – 60 евра
ТУРСКА НОЌ- 55 евра
Доживејте традиционална турска вечер исполнета со забава и култура. Турaта вклучува хотелски трансфер, неограничени алкохолни пијалаци, вечера и живи настапи како народни танци, културни шоуа и ориентален танц (стомачен танц). Забавна и автентична вечер за запознавање со турските традиции.
ТУРА СО ЈАВАЊЕ КОЊИ — 2 часа на зајдисонце (Долина Киличлар)- 40 евра
Уживајте во мирно јавање коњи низ прекрасните пејзажи на Долината Киличлар за време на зајдисонце. Турaта е погодна и за почетници и за искусни јавачи, со професионални водичи.
ATV ТУРА НА ЗАЈДИСОНЦЕ– 40 евра (минимум 2 лица.)
Возбудлива оф-роуд авантура низ уникатните долини на Кападокија. Управувајте сопствен ATV и истражувајте спектакуларни пејзажи додека го набљудувате зајдисонцето.

Напомена:

  •  За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 лица.
  • Цените се дадени на база на моменталните располжливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цените се дадени како пакет цена, по лице за сместување во двокреветна соба за мин. 2 возрасни лица (полноплатежни суми), и истите се изразени во евра, за уплата во денарска противредност по курс од 1 еур=62 мкд.
  • Цените на влезниците за локалитетите се од информативен карактер и истите можат да се променат. Правото на промена на цената ја има исклучиво самиот локалитет кој ги продава влезниците.
  • Саатниците на авионските летови се од информативен карактер и истите мозат да бидат променети во секое време пред почетокот на патувањето од страна на авио компанијата. Влијание може да имаат технички недостатоци, временски услови, непредвидени ситуатии…
  • Факултативните излети се со задолжителна резервација најдоцна до две недели пред почетокот на патувањето.
  • Екскурзиите се креирани за минумум 15 лица, доколку минималниот број на лица не биде исполнет, агенцијата го задржува правото да ја промени цената на истите или да ги откаже и да понуди алтернатива.

Oпшти услови:

  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот како и според условите на кои агенцијата не може да влијае.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 16 лица.
  • Доколку групата не го исполни наведениот минимум на патници, агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот и/или да ги промени условите на патувањето и за истото ќе го информира патникот најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • Саатниците на авионските летови се од информативен карактер и се дадени на база на моменталната поставеност од авио компанијата. Истите подлежат на промени и правото на промена го има исклучиво авио компанијата. Доколку дојде до било каква измена на саатниците, датумите во летовите, агенцијата организатор ќе го информира патникот за настанатата промена, во било кој период од уплатата па се до денот на патувањето.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ Т.А Just Travel
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на Just travel објавени на веб страната www.justtravel.mk .
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.

Време на поаѓање

1 ден 30.04 (четврток), СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – НЕВШЕХИР – ГОРЕМЕ

Состанок на патниците на аеродромот во Скопје 2 часа пред полетувањето полетување во 14:20 ч. Преседнување во Истанбул на лет за Невшехир. Слетување во 21:00ч. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организирање факултативен лет со балон на изгрејсонце и/или факултативна прошетка низ Ѓореме и Зелве: музеите на отворено Ѓореме и Зелве / долината Пасабаг / тврдината Учхисар. Поаѓање на излетот околу 9:30 ч. Први станици се музеите на отворено Ѓореме и Зелве, каде  илјадници години доминирал монашкиот живот. Во рамките на музеите се наоѓаат манастири, цркви и капели, а речиси секоја карпа е претворена во верски објект украсен со византиски фрески. Целиот комплекс е вклучен во листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Потоа излетот продолжува кон Пасабаг, каде се наоѓа најголемата концентрација на „вилински оџаци“ во Кападокија, препознатливи по своите двојни, па дури и тројни капи. Овој тип формации е единствен во Кападокија и се нарекуваат вилински оџаци во форма на печурки. Потоа следува посета на видиковецот кај тврдината Учхисар, од каде се простира прекрасен поглед кон тврдината и фантастичните карпести формации што ја опкружуваат. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Слободно време или факултативна посета на: манастирот Селиме и подземните градови Кајмакли или Деринкују. Поаѓање на излетот околу 9:30 ч. Во Кападокија постојат десетици подземни градови кои претставувале засолништа за христијаните за да можат непречено да ја практикуваат својата вера. Најголемите градови отворени за посета се Кајмакли и Деринкују. Овие градови се сметаат за деветтото чудо на античкиот свет, а постојат и сериозни претпоставки дека биле меѓусебно поврзани. Досега се истражени 8 ката, до вкупна длабочина од 85 метри, додека најдолните три ката сè уште се предмет на истражување. Се проценува дека од 25.000 до 50.000 жители можеле да престојуваат во нив; располагале со систем за вентилација, водоводен систем, училиште, црква, кујни и многу други простории кои овозможувале нормален живот под земја. Постојат бројни тунели што ги поврзуваат со други блиски подземни градови. Ќе посетиме еден од овие два града – Кајмакли или Деринкују. По разгледувањето, патот продолжува кон манастирот Селиме, најголемиот манастир во Кападокија, со голема пештерска катедрала и прекрасен поглед кон околината. Потоа ја посетуваме долината Ихлара. Долината Ихлара е кањон со длабочина од околу 100 метри, формиран од реката Мелендиз низ илјадници години. Започнува во селото Ихлара и завршува кај манастирот Селиме. Некогаш илјадници луѓе живееле во долината Ихлара. На враќање кон Ѓореме застануваме на спектакуларен видиковец со поглед кон Долината на гулабите. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на околината на градовите Ургуп и Аванос. Ургуп е туристички центар на Кападокија со бројни продавници, кафулиња и ресторани. Околината на градот е позната по врвното домашно вино, произведено од џуџеста лозница што успева во Кападокија. Една од најпознатите камени формации во Кападокија – Трите убавици на Ургуп – се наоѓа во близина. Можност за посета на традиционални работилници за рачно боење на свила или за изработка на килими. На брегот на Црвената река, најдолгата река во Турција, се наоѓа уште едно познато кападокиско гратче – Аванос. Стариот дел на градот со калдрмисани улици, црква, џамија и шеталиште покрај реката е место кое задолжително треба да се посети. Градот со векови е познат и по грнчарството и рачно изработените керамички предмети, кои се меѓу најубавите сувенири од Кападокија. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок . Одјава од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 10:00 со кртко преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје во 13:20 ч. Крај на програмата.