Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Атос (трет крак), Грција, Јерисос

Куќа “Soula”-Јерисос

7 % попуст на вонсезонски и 12 % попуст на сезонски цени

за резервации заклучно со 10.01.2026 (сабота) за 50 % уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 07.02.2026 (сабота)

Координати 40.400363, 23.878800

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата.

Апартманите и студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со сите потребни елементи, додека во апартманите има големи фрижидери и голем електричен шпорет со рерна. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш.

Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат. Сите располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, освен студиото бр. 6 кое има сопствен уреден и заграден двор со маса и столови.

Апартман бр. 1 (1/2+1/2+2) – 4 лица + 2  –  високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса со страничен поглед море и истата е опремена со маса и столови.

Апартман број 2 (1/2+1/2+1) – 4 лица + 1  – високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса, која е опремена со маса и столици.

Студио број 3 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.

Студио број 4 (1/2) – втор кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број 5 (1/2) – втор кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број 6 (1/2)– високо приземје. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено дворче кое располага со маса и столови.

 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/2 студио

(бр. 3 и 5)

задолжително

плаќаат 2 лица

1/2 студио

(бр. 4 и 6)

задолжително

плаќаат 2 лица

1/4+1 апартман бр. 2 задолжително плаќаат 3 лица 1/4+2 апартман бр. 1 задолжително плаќаат 3 лица
24/05- 31/05 7 99 109 99 109
31/05-07/06 7 119 139 119 129
07/06-14/06 7 149 169 149 159
14/06-21/06 7 189 209 179 189
21/06-28/06 7 199 219 189 199

* цена по лице со вклучен превоз

 

  1. Сезонски цени
Термин Ноќевања 1/2 студио

(бр. 3 и 5)

1/2 студио

(бр. 4 и 6)

1/4+1 апартман бр. 2 1/4+2 апартман бр. 1
28/06-05/07 7 419 449 679 719
05/07-12/07 7 439 479 709 749
12/07-19/07 7 459 499 749 799
19/07-26/07 7 459 499 749 799
26/07-02/08 7 499 549 789 839
02/08-09/08 7 499 549 789 839
09/0816/08 7 499 549 789 839
16/0823/08 7 459 499 749 799
23/0830/08 7 459 499 749 799

* цена за наем на апартман или студио

 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/2 студио

(бр. 3 и 5)

задолжително

плаќаат 2 лица

1/2 студио

(бр. 4 и 6)

задолжително

плаќаат 2 лица

1/4+1

апартман бр. 2

задолжително плаќаат 3 лица

1/4+2 апартман бр. 1 задолжителнo

плаќаат 3 лица

30/0806/09 7 199 219 179 199
06/0913/09 7 169 189 149 169
13/0920/09 7 129 149 119 129
20/0927/09 7 99 109 99 109

* цена по лице со вклучен превоз

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман и студио ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. Позавршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1.50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Just Travel НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Време на поаѓање

  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 170 мкд. (35евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште