Destination

icons
Ноќевања
4 дена / 2 ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Божиќни маркети

Прага / Дрезден / Виена

Прага – град од бајките, историски и културен симбол на Европа. Овој магичен град со стотици кули, важи за град на боемите и мистичната атмосфера, звуците на виолончело и клавир, а крајбрежјето на моќната Влтава ги спојува прекрасните мостови. Кога на сето ова ќе се додаде волшебната божиќна атмосфера, добивате совршен рецепт за воодушевување.

Ви ја претставуваме SPECIAL EDITION програмата на Златната Прага со посета на Дрезден и Виена и божиќните маркети.

ПРОМО ЦЕНА 159 евра со задолжителна резервација на пакет факултативите 80 евра (редовна цена 85евра). Редовна цена 189евра по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања во хотел 3* со појадок во Прага (или околона)
  • автобуски превоз на дадената релација
  • Посета на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река) и Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со водич – 15евра
  • Крстарење по реката Влтава – 25евра
  • Посета на Дрезден – 45 евра
  • Задолжителна доплата за туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
  • Задолжително патничко осигурување-350 денари
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

Време на поаѓање

Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал

Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на Стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 часа. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.
По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана. Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој ќе ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18век (светски пример за барокна архитектура), Катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса….. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време. Вечерта индивидуална можност за посета на Прага и божиќните маркети. Ноќевање.
По појадокот, следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом) и секако божиќните маркети. Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје на 10.12 во вторник во пладневните часови.