Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Лефкада

ВИЛА ARGIRO

Villa Argiro е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата вила од нашата понуда, за сместување во Агиос Никитас. Во својот состав таа расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ и клима уред, како и мини кујна за припрема на топли напитоци и за чување на продукти. Готвењето во студиата не е дозволено, па за таа потреба на гостите им е на располагање летна кујна во дворот на објектот, во која има инсталации на уреди за секое студио пооделно. Опремена со потребните апарати за готвење и печење, како и со ѕидана скара и фурна, вилата Аргиро, ги обезбедува сите потребни услови за одлично организиран престој во текот на летниот одмор. Оддалеченост од плажа 300 метри.

 

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Употребата на клима уред во ARGIRO е бесплатна (каде што е достапен).
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:
• Студио бр. 1 тип  1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm)
Собата има  еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm, клима,  плакар и огледало. Кујна нема, но има мини фрижидер со комара за замрзнување мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот е со средна големина со маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
• Соба бр. 2 тип  1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm)
Собата има  еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm, клима, , плакар и огледало. Кујна нема, но има мини фрижидер со комара за замрзнување и мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот е со средна големина со маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
• Соба бр. 3     1/2 (еден брачен кревет со широчина 130 cm)
Собата има еден брачен кревет со широчина 130 cm, клима, , плакар и огледало. Во собата нема кујна, но има мини фрижидер со комара за замрзнување и мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Од соба се излегува дирекно на балконот со средна големина, кој има дрвени ролетни и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
ЗАБЕЛЕШКА: Во дворот на Villa Argiro има заедничка кујна со прибор, решо со плин, мијалник и скара која служи за заедничко користење. Има Wi Fi Internet. Нема тоалет или да остава соба за време на смена. Во собите има чајна кујночка.

Цени и услови на плаќање
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Време на поаѓање

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ Цена на повратен автобуски превоз:  80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.) Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање: – Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”) – Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија) – Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско) – Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1) – Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил) – Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала) Поаѓање од Грција:  истиот ден попладне. – Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. – Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. – Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. – Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.