Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Врахос, Грција, Јонски брег

ВИЛА ARGO – ВРАХОС

Villa Argo е лоциранa на првата линија од објекти изградени долж шеталиштето крај долгата плажа на Врахос. Скалесто поставен врз падините на блискиот зелен рид, овој објект се карактеризира со повеќе убаво опремени студија и апартмани, сите ориентирани со  странични или директни погледи кон морето. Сите единици располагаат со мини кујни, спални соби, тоалети и балкони со гарнитури за седење, а апартманот на најгорниот кат со “француски балон” и најубава панорама кон морската шир. Близината на песочната плажа и шеталиштето, како и бројните туристички содржини во местото, ветуваат дека сместувањето во оваа вила е одличен избор за вашиот планиран летен одмор.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

10% попуст за резервации до 31.03.2024
Период на престој: 25.05-15.06 и 14.09-28.09.2024

Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.

За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

10% попуст за резервации до 31.03.2024
Период на престој: 25.05-15.06 и 14.09-28.09.2024

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Време на поаѓање

  • Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)
  • Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
  • Скопје, во  00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
  • Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
  • Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
  • Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
  • Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
  • Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
  • Поаѓање од Грција:
  • Истиот ден попладне.
  •  Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.