Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Неи Пори, Пиериа

ВИЛА EVGENIJA – НЕИ ПОРИ

Неи Пори е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.

Вила Евгенија се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори .Располага со 1/4 студија .Вилата се наоѓа 200 м одалечена од плажа. Студија се опремени со кујна,ТВ, WI-FI климата е со доплата 5 евра на ден.

– 15 % попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2023 на вон сезонски цени (јуни и септември)
– 10 % попуст за резервации и уплати до 31.12.2023 на сезонски цени (јули и август)

*попустот не важи за промо цени

 

термин

ноќи  1/4 ПРИЗЕМЈЕ 

студио

 

24.05.24 9 160  промо
02.06.24 7 210
09.06.24 7 289
16.06.24 7 359
23.06.24 7 399
30.06.24 7 419
07.07.24 7 449
14.07.24 7 469
21.07.24 7 469
28.07.24 7 489
04.08.24 7 489
11.08.24 7 469
18.08.24 7 459
25.08.24 7 419
01.09.24 7 399
08.09.24 7 349
15.09.24 7 279
22.09.24 7 219

ОПИС

1/4 СТУДИО БР 1- Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дорот кој го користи како тераса. Студиото е опремено со кујна со голем фрижидер и решо, WC, два дупли кревети, тв и клима.

1/4 СТУДИО БР 2- Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дорот кој го користи како тераса. Студиото е опремено со кујна со голем фрижидер и решо, WC, два дупли кревети, тв и клима.

1/4 СТУДИО БР 3- Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дорот кој го користи како тераса. Студиото е опремено со кујна со голем фрижидер и решо, WC, два дупли кревети, тв и клима.

Услови под кои важи аранжманот
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

• За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.
• Доплата на туристичка такса 1.5 еур на студио од ноќ (се плаќа во објектот )
• Користењето на клима-уред, (5 евра на ден)во студио.
• WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме)

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман .
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Т.А. „Just Travel“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и т.а. „Just Travel“.
Тимот на “Just Travel” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени

Време на поаѓање

  • За возрасни  (45евра)
  • За деца до 12 години  (35 евра) 
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште