Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Лептокарија, Пиериа

ВИЛА FILIPOS – ЛЕПТОКАРИЈА

Villa Filipos се наоѓа во непосредна близина на главната улица која од централниот дел на Лептокарија води до главното шеталиште и плашата на ова познато туристичко место. На оддалеченост од само педесетина метри од градската плажа, во нејзино опкружување се наоѓаат и мноштво продавници, ресторани, маркети и пекари потребни за организирање на соодветен летен пресој. Во состав на вилата се вбројуваат десетина студија за поединечен комфорен престој на 3 или 4 лица. Секоја единица е опремена со сопствена кујна, тоалет, тераса, како и ТВ и клима. Вилата е целосно реновирана во текот на 2020 година и е еден од најквалитетните објекти од нашата летна понуда за сместување во студија и апартмани во Грција.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:
  1. Студио бр.1, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm). Поглед кон улица, задна страна.
  2.  Студио бр.2, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила
  3.  Студио бр.3, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 130 cm и еден единечен кревет 100 cm) Поглед кон улица, кон задна страна.
  4.  Студио бр.4, тип 1/2+ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 125 cm и еден единечен кревет 100 cm) Поглед кон соседна вила
  5.  Студио бр.5, тип 1/2+ ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила, предна страна.
  6.  Студио бр.6, тип 1/2+ ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила, предна страна.Сите студија се на приземје и опремени со кујна со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV и  клима, маса и столчиња, ( соодветно на бројот на кревети). Прозорот е од балконската врата, нема комарник, но има ролетна, тенда и завеса.  Тоалетот е со туш директно на плочки, вентилација или прозор во самиот тоалет.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

  • Цените се однесуваат по соба на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во FILIPOS се доплатува во објектот (5€/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Време на поаѓање

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ Цена на повратен автобуски превоз:  45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

  •  Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
  •  Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
  •  Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
  •  Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
  •  Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција: 
  •  Истиот ден попладне.
  •  Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  •  Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  •  Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.