Вила KORDELA се наоѓа на само 30 м. од песочната плажа во Неа Скиони, со прекрасен
двор и магичен поглед на тиркизното море, со што ви нуди одлична можност за одмор и
релаксација. Лоцирана е на 60 метри од центарот на Неа Скиони, во близина на многу
ресторани, маркети и таверни. Сместувањето е во луксузно уредени апартамани на приземје
и прв кат, секој апартман располага со две простории, една просторија каде има модерно
опремена кујна и софа и втора просторија – спална со брачен кревет. Сите апартмани имаат
сопственa бања, тераса која излегува во двор или балкон на кат опремени со сет маса и
столици, бесплатно Wi-Fi ,клима и ТВ. Можност за дополнителен кревет или бебешко
креветче на ваше барање.
Термин | Регуларна цена |
31.05-07.06 | 357 |
07.06-14.06 | 387 |
14.06-21.06 | 460 |
21.06-28.06 | 507 |
28.05-05.07 | 563 |
05.07-12.07 | 627 |
12.07-19.07 | 711 |
19.07-26.07 | 749 |
26.07-02.08 | 749 |
02.08-09.08 | 749 |
09.08-16.08 | 749 |
16.08-23.08 | 749 |
23.08-30.08 | 749 |
30.08-06.09 | 603 |
06.09-13.09 | 495 |
13.09-20.09 | 459 |
20.09-27.09 | 422 |
Што е вклучено во цената:
Што не е вклучено во цената
Важно:
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 16.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 10.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е настаната штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место на рецепција.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Just Travel