Ново во нашата понуда…Вилата „Koulas“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија се наоѓа на извонредна локација-на само 100 метри од плажата „Paradisos“ која е лоцирана на почетокот од градот. Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена помалку од еден километар. Вилата располага со трокреветни студија кои се наоѓаат на првиот спрат и имаат големи тераси со поглед на улица кои се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни (решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор каде можете да ги паркирате своите возила.
Вила “Koulas” – Неос Мармарас | ||
Смена: | Ноќевања: | 1/3 студио |
20.05-30.05.2024 | 10 | 350€ (21.700) |
30.05-09.06.2024 | 10 | 450€ (27.900) |
09.06-19.06.2024 | 10 | 550€ (34.100) |
19.06-29.06.2024 | 10 | 650€ (40.300) |
29.06-09.07-2024 | 10 | 700€ (43.400) |
09.07-19.07.2024 | 10 | 750€ (46.500) |
19.07-29.07.2024 | 10 | 750€ (46.500) |
29.07-08.08.2024 | 10 | 750€ (46.500) |
08.08-18.08.2024 | 10 | 750€ (46.500) |
18.08-28.08.2024 | 10 | 750€ (46.500) |
28.08-07.09.2024 | 10 | 650€ (40.300) |
07.09-17.09.2024 | 10 | 550€ (34.100) |
17.09-27.09.2024 | 10 | 450€ (27.900) |
27.09-01.10.2024 | 4 | 150€ (9.300) |
– Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз (последната смена е на 4 ноќевања)
– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
– Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари