Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Крф, Острови

ВИЛА SAVVAS-КРФ

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. . Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

 

20% ПОПУСТ

За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање, BLACK FRIDAY ЦЕНИ 50% УПЛАТА, ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2025
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE ИЛИ DINERS
BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
Термин
Цена
23.05-30.05.2025
129€ 89€
30.05-06.06.2025
139€ 99€
06.06-13.06.2025
149€ 119€
13.06-20.06.2025
169€ 139€
20.06-27.06.2025
189€ 149€
27.06-04.07.2025
199€ 159€
04.07-11.07.2025
209€ 179€
11.07-18.07.2025
239€ 189€
18.07-25.07.2025
239€ 189€
25.07-01.08.2025
249€ 199€
01.08-08.08.2025
249€ 199€
08.08-15.08.2025
249€ 199€
15.08-22.08.2025
249€ 199€
22.08-29.08.2025
209€ 179€
29.08-05.09.2025
189€ 149€
05.09-12.09.2025
159€ 139€
12.09-19.09.2025
149€ 129€
19.09-26.09.2025
139€ 109€
26.09-03.10.2025
109€ 89€

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  апартмани. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата.

Факултативни излети:

 

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.

Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

 

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 

Крстарење Паксос и Антипаксос

 

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

 

НАПОМЕНА:

  • CHECK IN: 14:00 h
  • CHECK OUT: 09:00 h
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возрасните)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Возрасен на дополнително легло има 70% попуст
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А JUSTTRAVEL

 

Време на поаѓање

Во цената е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања / 8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот
 Во цената не е вклучено:
  • Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса  1,50 евра (10.5 евра од студио за 7  ноќевања)