Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Ситонија ( втор крак), Торони

Вилат Tsitsirikos – Торони

Опис
Вилата Tsitsirikos е еден од најпознатите и најбараните објекти во Торони, позната по одличниот сооднос на квалитет и цена. Сместена е на само 70 метри од плажата и шеталиштето, во прекрасен двор полн со зеленило и цвеќиња. Мирна атмосфера, исклучителна чистота и љубезни домаќини се причината зошто оваа вила е омилен избор за семеен одмор во Торони.

Локација
Вилата се наоѓа на само 70 метри од песочната плажа во Торони, во непосредна близина на сите содржини – маркети, таверни, кафулиња и продавници. Лесно се пристапува со автомобил, а вилата располага со сопствен паркинг за гостите.

Сместување и содржини
Објектот се состои од 12 четирикреветни апартмани (30 m²)

Апартманите располагаат со:
– спална соба со брачен кревет
– кујна со трпезариски простор каде има еден поголем и еден помал единечен кревет
– во два апартмани дополнително има и фотеља-кревет
– сите апартмани имаат балкон (некои со трема), клима, ТВ, Wi-Fi и комарници
Двор и удобности
Вилата има простран, уреден и зелен двор, идеален за семејства со деца. Во дворот има лежалки и чадори, масички со столици, скара (BBQ) достапна за сите гости, како и делови со сенка за попладневен одмор. Паркингот е бесплатен и обезбеден во рамките на дворот.
Услуга и хигиена
Сместувањето е исклучително чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Домаќините се познати по својата љубезност и внимателен однос кон секој гостин.
Предности
– Само 70 м од плажата и шеталиштето
– Пространи апартмани со комплетна кујна
– Прекрасен зелен двор со скара и простор за одмор
– Бесплатен Wi-Fi и паркинг
– Одличен избор за семеен одмор
– Исклучителна чистота и љубезни домаќини

 

20% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА ДО 31.12.2025 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01 АПРИЛ 2026

 

НАЕМ НА АПП ЗА 7 НОЌЕВАЊА
СМЕНА ПЕРИОД АПП 1/2+2
1 17.05-24.05 249
2 24.05-31.05 275
3 31.05-07.06 324
4 07.06-14.06 421
5 14.06-21.06 584
6 21.06-28.06 681
7 28.06-05.07 681
8 05.07-12.07 714
9 12.07-19.07 746
10 19.07-26.07 763
11 26.07-02.08 779
12 02.08-09.08 925
13 09.08-16.08 925
14 16.08-23.08 828
15 23.08-30.08 746
16 30.08-06.09 600
17 06.09-13.09 437
18 13.09-20.09 421
19 20.09-27.09 249

 

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин; – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

НАПОМЕНИ:

  •  Доплата за туристичка такса
  •  Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца   возрасни
  •  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  •  Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  •  Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го   уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  •  Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето   и самиот регион и други фактори.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  •  Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПОНУДА ПО РЕДОВНА ЦЕНА, 30 % ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ УПЛАТУВА ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗЕРВАЦИЈА, А ОСТАТОКОТ 21ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
  • ПАТНИКОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД АРАНЖАМОТ. ТОА СЕ ПРАВИ ВО ПИСМЕНА ФОРМА И СОГЛАСНО СКАЛАТА КОЈА Е ОБЈАВЕНА ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
    Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување

 

Време на поаѓање

Доплата за превоз:

  • 50€ за возрасни
  • 40€ за деца до 12 год.
  • Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)