Попрецизно, студијата Dima се наоѓаат на високото приземје од истоимениот објект и на само триесетина метри од градската плажа и променадата на Лептокарија. Нивната локација како и квалитетната опременост, се добар мотив за ваш избор при одлуката за реализирање на летниот одмор во Лептокарија. Освен со современ мебел, студијата се опремени и со сите потребни апарати, тв и клима уреди, како и пространи тераси за комфорен престој во текот на летниот одмор. Сервисот на гостите, за кој се грижи рецепцијата на блискиот хотел Olympos, е само дополнитена гаранција за квалитетно сместување и добар летен одмор. Паркирањето е можно, на улиците во близината на објектот.
|
Студио бр.1, тип 1/3+Exb (два единечни кревети 90 cm и софа со ширина 80 x должина 190 cm + Exb со ширина 90 x должина 180 cm).
Студиото има два единечни кревети со широчина 90 cm, една софа на изблекување за две лица со широчина 80 cm и должина 190 cm (истатдимензија е и за дополнителниот кревет кој се извлекува од софата), опремено со клима, LCD TV, плакар и огледало. Кујната е одвоена од собата оремена со мини фрижидер со комора за замрзнување, сет кујна со решо со 2 рингли, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо. Толаетот има заградена туш кабина со вентилација. Прозорот има комарник и завеса. Балконот е голем и е пред влезната врата со поглед кон сервисна улица и Хотел Олимпос, опремен со тенда, столици и маси.
Студио бр.2, тип 1/3 (три единечни кревети со ширина по 90 cm).
Студиото има три единечни кревети со широчина 90 cm, опремено со клима, LCD TV, плакар и огледало. Кујната е во собата оремена со мини фрижидер со комора за замрзнување, сет кујна со решо со 2 рингли, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо. Толаетот има заградена туш кабина со вентилација. Прозорот има комарник и завеса. Балконот е голем и е пред влезната врата со поглед кон сервисна улица и Хотел Олимпос, опремен со столици и маси.
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Цените се однесуваат по соба на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред во DIMA е бесплатна (каде што е достапен),
Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање: