Венеција/Милано/Верона/Трст за 8 Септември
ПРОМО 159 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 85 евра, (плаќање на факултативите во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189 евра.
Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло или областа Венето, на база две ноќевања со појадок.
- Автобуски превоз на наведените релации
- Разгледите според програмата
- Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave
- Услуги од туристички професионален водич – пратител
- Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ се плаќа на лице место (доколку се плаќа)
- Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
- Индивидуални трошоци
ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:
- Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 35 евра
- Факултативна посета на Верона и Милано со водич (55€)
- ПАКЕТ со сите излети во вредност од 90 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 85 евра (плаќање во автобус)
НАПОМЕНИ:
- За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
- Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
- Деца од 0-03 години – бесплатно
- Деца од 3 до 10 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
- Седиште на барање се доплатува по желба 20 евра по лице
- Кај трокреветните соби можно е третиот кревет да биде дополнителен.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Грција.
- Пасошот треба да се со минимум 3 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
- Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
- Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
- Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Организаторот не може да влијае на сместувањето во апартманите. Распределбата на собите се врши при пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата, но не гарантира за исполнување на истите.
- Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
- Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.).
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Just Travel
Време на поаѓање
Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот.
Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, дворот на куќата на Јулија (oд 01.04 се наплатува влезница за влез во дворот на Јулија, по желба на лице место. Влезница за дворот е 5 евра, влезница за куќата и балконот е 12 евра. Можна е промена на цената). По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.