Созополи е малечко, симпатично место на западната страна пред почетокот на Халкидики оддалечено само 7-8 километри од Неа Модања, со долга песочна плажа и прекрасни зајдисонца.
Шармантно, романтично и достапно, препорачливо пред се за парови и семејства. Со неколку хотели и апартмански комплекси како и маркети, таверни и барови на плажа, допрва ќе се развива во се поубава летна дестинација за нашите туристи.