Поминете ги сончевите првомајски и велигденски денови на море!
Метаморфози е едно од најмирните места на Ситонија, спој на мирис на море измешан со мирис на борова шума и низа на многу мали плажички. Одлично е позиционирано на почетокот на кракот и е перфектно почетно место ако сакате да го запознаете целиот полуостров Ситонија!
01.05.2024 – 06.05.2024 | НОЌИ | 1/2 Стандард |
Цени по лице – ВВ | 3 | 99 |
5 | 139 |
Цената е по лице за 3 или 5 ноќевања на база ноќевање со ПОЈАДОК.
Вклучено во цена:
– 3 или 5 ноќевања на база ноќевање со појадок
– Шопинг во Солун (по договор, само за оние што користат превоз)
– Традиционална вечера на Велика Сабота 04.05, после Воскресението во 00:30, (сезонска салата, Фета сирење, традиционална јагнешка чорба „Магерица“, црвени јајца.
– Велигденски ручек во Недела 05.05, на база „шведска маса“, сезонска салата, цацики, Фета сирење, јагнешко во фурна со компири, традиционален Велигденски ориз, десерт
Не е вклучено во цена:
– Првомајски ручек на плажа со суфлаки и пиво – 10 евра
– Крстарење околу Атос – 33 евра
– Туристичка такса – 3 евра по соба на ден
► Сместувањето е во двокреветни / трокреветни стандард соби;
► Има ограничен број на четворокреветни студија / апартамани;
► 2 деца од 2 до 11,99 години, бесплатно;
► Трет и/или четврт возрасен, плаќа 60% од цената;