Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Неа Пантелемонас, Пиериа

Вила ELENI – Неа Платамонас

Вила Елени се наога на околу 250 м од плажата. Располага со трокреветни студија лоцирани на првиот кат. Сите студија располагаат со кујна опремена со електричен шпорет, фрижидер и кујски прибор според бројот ка кревети, тоалет со бања, ТВ и тераса, опремена со маса и столици. Климата е вклучена во цената за сместување во термините во Јули и Август а за термините во Јуни и Септември за истата се доплаќа 5 еур. од ден, доколку се користи. WI-FI е вклучено во цената. Вилата располага со сопствен паркинг. Туристичката такса од 2 еур. на ден, се плаќа на лице место при сместување.

Ценовник и Услови

ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА:

10% early booking до 01.02.2026со 50% уплата и доплата 15 дена пред поаѓање.

 

ТЕРМИН ОД: НОЌИ 1/3 студио
06.06 7 219
13.06 7 269
20.06 7 329
27.06 7 359
04.07 7 399
11.07 7 419
18.07 7 449
25.07 7 449
01.08 7 449
08.08 7 449
15.08 7 449
22.08 7 419
29.08 7 359
05.09 7 289
12.09 7 219

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа на сопственикот на вилата;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

 ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

Време на поаѓање

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  •  Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус, Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  •  Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Цена за превоз Скопје - Халкидики
  • возрасни 50 € повратна ( 40€ во еден правец)
  • деца од 2 до 12 години 40€ ( 35€ во еден правец)
  • деца до 2 години бесплатно ( не користи седиште во автобус)
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.