Координати 40.40033, 23.87954
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Kostas” се наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Куќата е добро позната кај нашите патници, бидејки е повеќе сезони во нашата понуда.
Дуплекс апартман број 1A (дуплекс1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и тераса со маса и столови.
Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има многу голема тераса за која има и сопствен влез со поглед на улица. Има спална со брачен кревет и во кујна уште еден стандарден кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и плус кревет со помали димензии . Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).
Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица. Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и плус софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
Апартман број 1Б (1/3 + 1)– прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
Апартман број 2Б (1/3 + 1)– прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
| Термин | Ноќевања | Aпартмани
(1Б и 2Б) задолжително плаќаат 3 лица |
Aпартмани
(2A и 3A) задолжително плаќаат 3 лица |
Дупл. апартман (бр.1A)
задолжително плаќаат 4 лица |
| 14/06–21/06 | 7 | 229 | 239 | 189 |
| 21/06-28/06 | 7 | 239 | 249 | 209 |
* цена по лице со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Апартмани (1Б и 2Б) | Апартмани (2A и 3А) | Дуплекс апартман (1А) |
| 28/06-05/07 | 7 | 799 | 819 | 859 |
| 05/07-12/07 | 7 | 889 | 899 | 939 |
| 12/07-19/07 | 7 | 909 | 939 | 999 |
| 19/07-26/07 | 7 | 909 | 939 | 999 |
| 26/07-02/08 | 7 | 959 | 989 | 1.049 |
| 02/08-09/08 | 7 | 959 | 989 | 1.049 |
| 09/08–16/08 | 7 | 959 | 989 | 1.049 |
| 16/08–23/08 | 7 | 909 | 939 | 999 |
| 23/08–30/08 | 7 | 909 | 939 | 999 |
* цена за наем на дуплекс апартман или апартман
| Термин | Ноќевања | Aпартмани
(1Б и 2Б) задолжително плаќаат 3 лица |
Aпартмани
(2A и 3A) задолжително плаќаат 3 лица |
Дупл. апартман (бр.1A)
задолжително плаќаат 4 лица |
| 30/08–06/09 | 7 | 239 | 249 | 199 |
| 06/09–13/09 | 7 | 219 | 229 | 179 |
| 13/09–20/09 | 7 | 149 | 159 | 139 |
| 20/09–27/09 | 7 | 119 | 129 | 109 |
* цена по лице со вклучен превоз