Destination

icons
Ноќевања
6 дена
icons
Вид на превоз
Автобуски
Празнични патувања

ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење,

Промо цена 179 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 100 евра, (плаќање на факултативите во автобус). РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199 евра.
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во хотел 3* во областа Венето или Лидо ди Јесоло на база три ноќевања со појадок
  • Автобуски превоз на наведените релации
  • Разгледите според програмата
  • Посета на Трст и трговскиот центар Палманова
  • Услуги од туристички професионален водич – пратител
  • Организиран трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ (воведена од 01.05) се плаќа на лице место
  • Трошоци за патничко осигурување за целиот престој – 350 денари
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • Индивидуални трошоци

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

  • Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – (30€)
  • Факултативна посета на Милано со водич (50€)
  • Факултативна посета на Верона (30€)

ПАКЕТ со сите излети во вредност од 110 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 100 евра

Време на поаѓање

Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање
По појадокот следува посета на градот на модата Милано. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во предвечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнуваме на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време, се упатуваме кон познатото туристичко место Лидо Ди Јесоло каде денот е предвиден за плажа и уживање. Ноќевање.
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје.
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.