Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Неа Врасна

Вила ALEXANDRA SUN – Неа Врасна

Вила Аlexandra Sun  се наоѓа на 50 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна, zad Vila Rita .Вилата располага сo четворокреветни  студија.

Секое студио е со два брачни кревета и се наоѓаат на приземје .Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на клима  се наплаќа 5 на ден. Wi-fi  – бесплатно

 10 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.11.2025

ТЕРМИН ОД: НОЌИ        1/4

Студио

17.05. 7* 149
24.05. 7* 159
31.05 7* 179
07.06 7 399
14.06 7 419
21.06 7 439
28.06 7 479
05.07 7 549
12.07 7 549
19.07 7 549
26.07 7 549
02.08 7 549
09.08 7 549
16.08 7 549
23.08 7 479
     30.08 7 439
06.09 7* 199
13.09 7* 179
20.09 7* 159

НАПОМЕНИ

Цените означени со * се цена по лице за пакет аранжман (сместување и превоз ), 3 и 4 лице доплата 50 евра

Цените без *  се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи

  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти цената ке биде променета )
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Цените  се дадени (објавени) за наем на цело студио за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Тргнувањето од Скопје е во 06 часот наутро  (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е 30 мин. пред времето за поаѓање .
  • Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Време на поаѓање

  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 40 € за деца до 12 год повратен билет
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта; 20 € за прв ред на седиште