Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Лептокарија, Пиериа

Вила Дима – Лептокарија

Попрецизно, студијата Dima се наоѓаат на високото приземје од истоимениот објект и на само триесетина метри од градската плажа и променадата на Лептокарија. Нивната локација како и квалитетната опременост, се добар мотив за ваш избор при одлуката за реализирање на летниот одмор во Лептокарија. Освен со современ мебел, студијата се опремени и со сите потребни апарати, тв и клима уреди, како и пространи тераси за комфорен престој во текот на летниот одмор. Сервисот на гостите, за кој се грижи рецепцијата на блискиот хотел Olympos, е само дополнитена гаранција за квалитетно сместување и добар летен одмор. Паркирањето е можно, на улиците во близината на објектот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Студио бр.1, тип 1/3+Exb (два единечни кревети 90 cm и софа со ширина 80 x должина 190 cm + Exb со ширина 90 x должина 180 cm).

Студиото има два единечни кревети со широчина 90 cm, една софа на изблекување за две лица со широчина 80 cm и должина 190 cm (истатдимензија е и за дополнителниот кревет кој се извлекува од софата), опремено со клима, LCD TV, плакар и огледало. Кујната е одвоена од собата оремена со мини фрижидер со комора за замрзнување, сет кујна со решо со 2 рингли, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо. Толаетот има заградена туш кабина со вентилација. Прозорот има комарник и завеса. Балконот е голем и е пред влезната врата со поглед кон сервисна улица и Хотел Олимпос, опремен со тенда, столици и маси.

 

Студио бр.2, тип 1/3  (три единечни кревети со ширина по 90 cm).

Студиото има три единечни кревети со широчина 90 cm, опремено со клима, LCD TV, плакар и огледало. Кујната е во собата оремена со мини фрижидер со комора за замрзнување, сет кујна со решо со 2 рингли, аспиратор, висечки елементи и елементи под лавабо. Толаетот има заградена туш кабина со вентилација. Прозорот има комарник и завеса. Балконот е голем и е пред влезната врата со поглед кон сервисна улица и Хотел Олимпос, опремен со столици и маси.

Забелешка за објектот:
Објектот каде што се наоѓаат студиата нема двор, остава за багаж, надворешен тоалет и нема Wi Fi интернет (можат да користат од Hotel Olympos кој е на 20 метри од Дима).

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2026

Престој во термин: Услуга (7 ноќевања) STD 1/3 (3 лица) STD 1/3+ еxb (4 лица)
24.05 – 31.05.2026 7 153   131 € 164 €  140 €
31.05 – 07.06.2026 7 199   170 € 220 €  187 €
07.06 – 14.06.2026 7 239   204 € 263 €  224 €
14.06 – 21.06.2026 7 287 €  244 € 316 €  269 €
21.06 – 28.06.2026 7 314   267 € 346   295 €
28.06 – 05.07.2026 7 346   295 € 381   324 €
05.07 – 12.07.2026 7 381   324 € 419   357 €
12.07 – 19.07.2026 7 399 €  340 € 440 €  374 €
19.07 – 26.07.2026 7 439 €  374 € 483 €  411 €
26.07 – 02.08.2026 7 483 €  411 € 532 €  453 €
02.08 – 09.08.2026 7 483 €  411 € 532 €  453 €
09.08 – 16.08.2026 7 483 €  411 € 532 €  453 €
16.08 – 23.08.2026 7 460 €  391 € 506 €  431 €
23.08 – 30.08.2026 7 418   356 € 461 €  392 €
30.08 – 06.09.2026 7 381   324 € 419   357 €
06.09 – 13.09.2026 7 346   295 € 381   324 €
13.09 – 20.09.2026 7 289   246 € 318   271 €
20.09 – 27.09.2026 7 222   189 € 245   209 €
  • Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ ПО ЛИЦЕ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2026

Престој во термин: Услуга (7 ноќевања) STD 1/3 (3 лица) STD 1/3+ еxb (4 лица)
24.05 – 31.05.2026 7 117   106 € 122 €  110 €
31.05 – 07.06.2026 7 140   125 € 147 €  131 €
07.06 – 14.06.2026 7 160   142 € 168 €  149 €
14.06 – 21.06.2026 7 184 €  162 € 194 €  171 €
21.06 – 28.06.2026 7 197   174 € 209 €   184 €
28.06 – 05.07.2026 7 213   188 € 226 €  198 €
05.07 – 12.07.2026 7 231   202 € 244 €  214 €
12.07 – 19.07.2026 7 240 €  210 € 254 €  222 €
19.07 – 26.07.2026 7 260 €  227 € 276 €  241 €
26.07 – 02.08.2026 7 282 €  246 € 299 €  261 €
02.08 – 09.08.2026 7 282 €  246 € 299 €  261 €
09.08 – 16.08.2026 7 282 €  246 € 299 €  261 €
16.08 – 23.08.2026 7 282 €  236 € 287 €  250 €
23.08 – 30.08.2026 7 249 €  218 € 264 €  231 €
30.08 – 06.09.2026 7 231   202 € 244 €  214 €
06.09 – 13.09.2026 7 213   188 € 226 €  198 €
13.09 – 20.09.2026 7 185   163 € 195 €  172 €
20.09 – 27.09.2026 7 151   135 € 159 €  142 €
  • Цените се дадени за наем на студио за 7  ноќевања со превоз

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред во DIMA е бесплатна (каде што е достапен),
Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Време на поаѓање

Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање: - Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски") - Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија) - Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол") - Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол") - Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин) Поаѓање од Грција: - Истиот ден попладне. - Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. - Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. - Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. - Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.