Координати 40.398902, 23.880482
Куќа “Vaia” се наоѓа на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори. Сите апартмани се на втор кат освен апартман бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.
Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) – прв кат. Дуплексот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Дуплексот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот. Дуплексот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 2 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со брачен кревет, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има брачен кревет и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 4 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има брачен кревет и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 5 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со брачен кревет, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.
| Термин | Ноќевања | 1/2
апартман (бр. 2 и 5) задолжително плаќаат 2 лица |
1/3+1
апартман (бр. 3 и 4) задолжително плаќаат 2 лица |
1/4 дуплекс апартман (бр. 1) задолжително плаќаат 4 лица |
| 23/05-30/05 | 7 | 129 | 159 | 109 |
| 30/05-06/06 | 7 | 189 | 229 | 139 |
| 06/06-13/06 | 7 | 239 | 279 | 159 |
| 13/06-20/06 | 7 | 279 | 299 | 179 |
| 20/06-27/06 | 7 | 299 | 319 | 189 |
* цена по лице со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | 1/2
апартман (бр. 2 и 5) |
1/3+1
апартман (бр. 3 и 4) |
1/4 дуплекс апартман
(бр.1) |
| 27/06-04/07 | 7 | 639 | 729 | 789 |
| 04/07-11/07 | 7 | 659 | 749 | 819 |
| 11/07-18/07 | 7 | 699 | 799 | 879 |
| 18/07-25/07 | 7 | 709 | 819 | 889 |
| 25/07-01/08 | 7 | 759 | 859 | 939 |
| 01/08-08/08 | 7 | 759 | 859 | 939 |
| 08/08–15/08 | 7 | 759 | 859 | 939 |
| 15/08–22/08 | 7 | 709 | 819 | 889 |
| 22/08–29/08 | 7 | 699 | 799 | 879 |
* цена за наем на апартман
| Термин | Ноќевања | 1/2
апартман (бр. 2 и 5) задолжително плаќаат 2 лица |
1/3+1 апартман
(бр. 3 и 4) задолжително плаќаат 2 лица |
1/4 дуплекс
апартман (бр. 1) задолжително плаќаат 4 лица |
| 29/08–05/09 | 7 | 299 | 319 | 189 |
| 05/09–12/09 | 7 | 269 | 289 | 169 |
| 12/09–19/09 | 7 | 209 | 249 | 149 |
| 19/09–26/09 | 7 | 139 | 179 | 119 |
* цена по лице со вклучен превоз
Напомени и услови:
Превоз: