Координати 40.40005, 23.88018
Куќа “Sofia” ( ex Zeyia ) се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 2 евра на ден по апартман / дуплекс апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м² со 2 одвоени спални соби. Има поглед на градина од една тераса (на која се излегува од едната спална) и директен поглед море од друга тераса (на која се излегува од другата спална). Дуплекс апартманот има три одделни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет, а во другата 2 споени стандардни единечни кревети, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и простран тоалет со туш кабина. Опремен е со квалитетен мебел. На двете тераси има маси и столови.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Полудуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен полудуплекс апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата, а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Располага со 2 брачни кревети во спалните и мала софа за дете до 7 години во дневна. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
Дуплекс апартман број 4 (1/6) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 51м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и 2 споени стандардни кревети во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со 2 единечни стандардни кревети кај што е и целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) Дневната соба е веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има 2 тераси со маси и столови, од кои едната е на влезот со поглед кон дворот, а на другата се излегува во дворот зад куќата од спална соба.
Дуплекс апартман број 5 (1/4 + 1) – втор кат, поткровје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 70м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и стандарден брачен кревет во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со софа и целосно опремена екстра реновирана кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода, и сите потребни елементи). Опремен е со високо квалитетен мебел. Има тераса со маси и столови и страничен поглед море.
| Термин | Ноќевања | 1/4 апартман | 1/4 дуплекс апартман | 1/4 полудуплекс апартман | 1/6 дуплекс апартман | 1/4 + 1 дуплекс апартман |
| бр. 2 | бр. 1 | бр. 3 | бр. 4 | бр. 5 | ||
| 24/05-31/05 | 7 | 89 | 99 | 109 | 119 | 129 |
| 31/05-07/06 | 7 | 109 | 119 | 129 | 139 | 149 |
| 07/06-14/06 | 7 | 119 | 129 | 139 | 149 | 159 |
| 14/06-21/06 | 7 | 149 | 169 | 179 | 189 | 199 |
| 21/06-28/06 | 7 | 169 | 179 | 189 | 199 | 209 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
| Термин | Ноќевања | 1/4 апартман | 1/4 дуплекс апартман | 1/4 полудуплекс апартман | 1/6 дуплекс апартман | 1/4 + 1 дуплекс апартман |
| бр. 2 | бр. 1 | бр. 3 | бр. 4 | бр. 5 | ||
| 28/06-05/07 | 7 | 679 | 739 | 759 | 829 | 859 |
| 05/07-12/07 | 7 | 739 | 819 | 829 | 879 | 939 |
| 12/07-19/07 | 7 | 769 | 859 | 869 | 949 | 999 |
| 19/07-26/07 | 7 | 769 | 859 | 869 | 949 | 999 |
| 26/07-02/08 | 7 | 799 | 889 | 899 | 999 | 1.049 |
| 02/08-09/08 | 7 | 799 | 889 | 899 | 999 | 1.049 |
| 09/08-16/08 | 7 | 799 | 889 | 899 | 999 | 1.049 |
| 16/08-23/08 | 7 | 769 | 859 | 869 | 949 | 999 |
| 23/08-30/08 | 7 | 769 | 859 | 869 | 949 | 999 |
* цена за наем на апартман
| Термин | Ноќевања | 1/4 апартман | 1/4 дуплекс апартман | 1/4 полудуплекс апартман | 1/6 дуплекс апартман | 1/4 + 1 дуплекс апартман |
| бр. 2 | бр. 1 | бр. 3 | бр. 4 | бр. 5 | ||
| 30/08-06/09 | 7 | 159 | 179 | 189 | 199 | 209 |
| 06/09-13/09 | 7 | 129 | 149 | 159 | 169 | 179 |
| 13/09-20/09 | 7 | 109 | 119 | 129 | 139 | 149 |
| 20/09-27/09 | 7 | 89 | 99 | 109 | 119 | 129 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)