Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Авионски
Коста Брава, Шпанија

Хотел Маринер 4* – (Adults only)

Лорет де Мар, добро позант град во единствената Шпанија сеуште го задржува својот автентичен шарм и карактер.
Долги плажи облеани со сонце, кристални води и зелени пејзажи се повеќе и повеќе станува омилена дестинација за оние кои бараат совршен баланс помеѓу релаксација и авантура.
Кога станува збор за летување во прекрасниот, живописен Лорет Де Мар престојот во Хотел Маринер 4* е вистинскиот ваш избор.

Сместен на само 50 метри од плажа располага со модерно уредени , климатизирани соби со сопствени sea view балкони и со свој сопствен отворен приватен базен.
Секоја бања е опремена со фен и крпи кои редвно се менуваат.
WiFi услугата е достапна но, со одредена доплата за истата.

Ресторанот на Хотел Маринер е на база на шведска маса со голем избор на континентална и интернационална храна.
Навечер има музика во живо, а еднаш неделно имаат и тематска вечер со регионална храна и музика.
Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет

Дата Ноќи Возрасно лице

ADULTS ONLY

3- то Возрасно лице Еднокреветна Соба
18.06 – 25.06 7 799 евра 729 евра 45 евра/ноќ/лице
25.06 – 02.07 7 829 евра 749 евра 45 евра/ноќ/лице
02.07 – 09.07 7 849 евра 769 евра 45 евра/ноќ/лице
09.07 – 16.07 7 849 евра 769 евра 45 евра/ноќ/лице
16.07 – 23.07 7 849 евра 769 евра 45 евра/ноќ/лице
23.07 – 30.07 7 899 евра 799 евра 45 евра/ноќ/лице
30.07 – 06.08 7 949 евра 849 евра 45 евра/ноќ/лице
06.08 – 13.08 7 949 евра 849 евра 45 евра/ноќ/лице
13.08 – 20.08 7 949 евра 849 евра 45 евра/ноќ/лице
20.08 – 27.08 7 899 евра 799 евра 45 евра/ноќ/лице
27.08 – 03.09 7 849 евра 769 евра 45 евра/ноќ/лице
03.09 – 10.09 7 829 евра 749 евра 45 евра/ноќ/лице

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќи во избран хотел на база полупансион
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.

 

Во цената не е вклучено:

 

  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување 
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air

 

Дополнителни информации:

  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Just Travel

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:

1.Барселона Панорамика

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

Цена на излетот: 65 €
Деца до 12 години: 35 €

 2.Музеј Дали + Герона

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

Цена на излетот: 75 €
Деца до 12 години: 40 €

3.Аквариум Барселона- влезница 35 еур

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

 

Време на поаѓање

Директен лет од Скопје