Destination

icons
Ноќевања
13 Дена
icons
Вид на превоз
Автобуски
Коста Брава, Шпанија

Шпанија – Автобус Јуни / Јули 2026

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.

Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!

ШПАНИЈА – ПАКЕТ АРАНЖМАН СО АВТОБУС ЈУНИ и ЈУЛИ 2026

 

Термин: 09.06-20.06.2026 година

09.06 – 20.06.2026 Лорет де Мар  HOTEL Guitard Central Park  4*  – Лорет де Мар 699 евра по лице

Хотел Guitart Central Park Aqua Resort

Специјално дизајниран за семејни одмори, хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4*, сместено до плажата Феналс, во идеално опкружување помеѓу морето и планините.

Хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4* се наоѓа во срцето на Лорет де Мар, крајбрежен град на Коста Брава — туристичка област која успеала да ја задржи својата традиција и прекрасни предели, истовремено развивајќи одржлив и висококвалитетен туризам. Околината на Лорет де Мар нуди природни пејсажи, прекрасни плажи и рајски ували што вреди да се откријат.

На Коста Брава, само неколку метри од прекрасната плажа на Лорет де Мар и замокот Сант Жоан, се наоѓа Hotel Guitart Central Park Aqua Resort, кој ги нуди сите удобности за незаборавен семеен одмор: воден парк, 3 базени, 3 ресторани, 8 барови и целосна програма на анимација за млади и возрасни.

Уживајте во шармот на Лорет де Мар во уникатен хотел со воден парк со тобогани, спа-центар, барови, ресторани и богата програма за забава која ќе ви го обезбеди целиот потребен уживање за вашите семејни празници.
Хотелот располага со различни типови сместување дизајнирани така што семејствата да можат да уживаат во одмор од соништата со најдобрите услуги при рака — од удобни двокреветни поврзани соби до фамилијарни соби со капацитет за двајца возрасни и три деца.

Термин: 26.06-07.07.2026 година

29.06 – 05.07.2026 Малграт де Мар Reymar Playa 3* – Малграт де Мар 699 евра- гратис полн пансион за уплата до 01.03.2026 год.

 

Сместен веднаш покрај морската променада, Hotel Reymar Playa нуди удобно сместување во самиот центар на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен и пријатен простор за релаксација.

Собите се пространи и климатизирани, секоја опремена со рамноекрански ТВ од 32″ до 40″, приватно купатило и сопствен балкон.

На располагање е 24-часовна рецепција со услуга за размена на валути и туристичко биро. Во склоп на хотелот има детско игралиште, ресторан и бар. Тенискиот терен и теретаната се достапни со доплата. Малграт де Мар нуди богат избор на продавници и живописни барови во непосредна близина.

Аеродромот Жирона се наоѓа на 35 км, а градот Жирона е оддалечен 45 км. Од Малграт де Мар сообраќа редовна железничка линија до Барселона, која е околу 65 км оддалечена.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:

1. Посета на Венеција со Брод. – 30 ЕУР

– Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови.

По пристигнувањето, започнуваме со турата низ Венеција и ги посетуваме најпознатите знаменитости: Мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, како и бројните романтични канали, меѓу кои и Големиот канал кој го дели градот на два дела.

По завршување на организираниот дел од турата, следува слободно време за индивидуални активности – прошетка низ уличките, возење со гондола, купување сувенири и уживање во уникатната атмосфера на Венеција.

 

  1. Посета на Верона

    – Пристигнување во Верона.

Следува прошетка низ историскиот центар на градот и посета на некои од неговите најпознати знаменитости: античката римска арена – една од најстарите и најдобро сочувани во Европа, каде денес се одржуваат престижни концерти и оперски претстави; куќата на Јулија, симболот на романтиката; како и споменикот на Данте Алигиери, сместен на прекрасниот плоштад Пјаца деи Сињори.

Ќе уживате во атмосферата на овој волшебен италијански град исполнет со историја и шарм.

 

  1. Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло 


– Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди  Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.

 

  1. Барселона Панорамика 1 – 65 еур

    – Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
    Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
    Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона.
    – Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталанска храна

    Можност за дополнителна факултатива:

    Аквариум Барселона – влезница 35 еур

 

Враќање во хотел во вечерните часови. Пристигнување за вечера.

 

  1. Фламенго Вечер – 50 еур

    – Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

– Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло 45 евра (уплата во агенција)

Цената вклучува:

– Организација на патувањето и водич
– Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
– 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
– 6 полупансиони (појадок и вечера – шведска маса) во Лорет де Мар во дво и трокреветни соби
– 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница / Санремо во хотел со 2/3*)

Цената не вклучува:

Задолжително патничко осигурување 
– Доплата за еднокреветна соба = 45 еур по лице / на ден 

– Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10 еур (Се уплаќа во агенција)
– Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5 еур ден се плаќа на рецепција во хотел)
– Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло -45 евра
евра
– Факултативни екскурзии според програмата
– Се она што не е наведено во програмата

 

Дополнителни информации:

 

-Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 9000 ден. 

-Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур

-Останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.

-Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.

-Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.

-Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.

-Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.

-Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

-Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување

-Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата

-За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници
-Сите останати услови на патување важат според правилата на Just Travel

Време на поаѓање

Поаѓање од Скопје во 14.00 ч. 

Поаѓање од Скопје во 14.00 ч. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*) Ноќевање
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење
12.06.2026 - 18.06.2026 - Престој во Лорет де Мар- Хотел Guitart Central Park Aqua Resort 4*. Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) - Шведска маса. 29.06.2026 - 05.07.2026 - Престој во Малграт де Мар- Reymar Playa 3* - Malgrad de Mar Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) - Шведска маса.
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили. Ноќевање
Поаѓање кон Скопје. 
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови