МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО
Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракци, меѓу кои во срцето на Милано – огромната катедрала во неоготски стил ”Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар Ла Скала, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која всушност е изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговиски центар во светот.
Промо цена 169 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 70 евра по лице, редовна цена 75евра по лице. РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189 евра
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања во хотел 3* во околината на Милано со појадок,
- Автобуски превоз на релација Скопје- Италија – Скопје
- Разглед на Верона
- Посета на трговски центар Палманова
- Туристички придружник
- Организација и релизација на аранжманот
- Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 4 евра по лице од ден
- Разглед на Милано со професионален водич – 20евра
- Посета на Лугано – Комо – 30 евра
- Крстарење по езерото Комо – 25 евра
- Патничко осигурување 350 денари по лице
- Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење) – 70 евра по лице (со резервација во агенција) редовна цена 75 евра по лице.
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Just Travel
Време на поаѓање
-
Состанок на групата на паркингот кај хотел Континентал (во период околу 11:00-14:00ч).
Состанок на групата на паркингот кај хотел Континентал (во период околу 11:00-14:00ч). Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Cаstle, Piazza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедралаво светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.
По разгледот од околу два часа, следува сместување во хотел. Ноќевање.
ојадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.
Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. По посетата на Верона, која трае околу три часа, групата се упатува према познатиот аутлет Палманова (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 27.10 (недела)